Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика A)
Всисувачот за прав (13) е наменет само за работење со
основна брусна плоча (14), не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
За да го монтирате всисувачот за прав (13) (опрема)
извадете ги алатот за вметнување и граничникот за
длабочина (11).
Вметнете го всисувачот за прав (13) до крај преку
прифатот за алат (8) на затезното грло на електричниот
алат. Свртете го всисувачот за прав во посакуваната
позиција (не директно под електричниот алат).
Притиснете го затегнувачкиот лост (16), за да се фиксира
всисувачот за прав.
Вметнете го адаптерот за всисување (18) на цревото за
всисување (19) на млазниците за всисување (17).
Поврзете го цревото за всисување (19) со всисувач за
прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на работното светло притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави
светло ја подобрува видливоста на непосредното
работно место.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави "I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави "0".
Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се
изгаси поради испразнети или прегреани батерии,
исклучете го со прекинувачот за вклучување/
Bosch Power Tools
исклучување (1).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот
алат да се излади, пред повторно да го вклучите. Инаку
батеријата може да се оштети.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (5)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на работењето на алатот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
При сечење, разделување и брусење на поцврсти
материјали како на пр. дрво или метал се препорачува
степен за број на осцилации „6", а за меки материјали
како на пр. пластика степен на број на осцилации „4".
Напомена: За одредени алати за вметнување (на пр. алат
за брусење и Riff-алати за вметнување), стапката на
осцилација треба да се намали на максимум 2/3.
Преголемата стапка на осцилации значително го
зголемува абењето на алатите за вметнување или може
да доведе до предвремено откажување на алатите за
вметнување. Почитувајте ги информациите на алатите за
вметнување или пакувањето на алатите за вметнување.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација (4)
на електричниот алат за време на работата, инаку се
намалува животниот век на електричниот алат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000 пати во минута. Ова овозможува
прецизно работење на тесен простор.
. Работното
Сечење
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
u
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
Македонски | 259
Работете со низок и рамномерен контактен
притисок, инаку работните перформанси ќе
се намалат и алатот за вметнување може да
се заглави.
Движете го електричниот алат напред-назад
додека работите за да не се загрее премногу
и да не заглави алатот за вметнување.
1 609 92A 8AY | (09.12.2022)