252 | Македонски
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
Држете ги рацете подалеку од делот каде што се
u
сече. Не фаќајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила
постои опасност од повреда.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
При менувањето на алатот што се вметнува носете
u
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
Не стругајте навлажнети материјали (на пр. тапети)
u
и не стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на
вода во електричниот алат го зголемува ризикот од
електричен удар.
Површината што треба да ја обработите не ја
u
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни испарувања.
Бидете особено внимателни при користењето на
u
стругачот и секачот. Алатките се многу остри, постои
опасност од повреда.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
1 609 92A 8AY | (09.12.2022)
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и разделување на
дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт
иглици). Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни
плочки како и за суво брусење и стругање на мали
површини. Тој особено е погоден за работење близу
рабови и на рамни површини. Електричниот алат треба
да се обработува исклучиво со Bosch-опрема.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
a)
(2) Батерија
(3) Копче за отклучување на батерија
(4) Отвори за вентилација
(5) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(6) Рачка (изолирана површина на рачката)
(7) SDS-лост за деблокирање на алатот
(8) Прифат на алатот
(9) Работно светло
(10) Затегнувачка рачка за граничникот за
a)
длабочина
(11) Граничник за длабочина
(12) Сечило со вдлабнување
a)
(13) Всисувач за прав
a)
(14) Брусна плоча
a)
(15) Брусно сечило
(16) Затегнувачки лост за всисувачот за прав
(17) Млазница за всисување
a)
(18) Адаптер за всисување
a)
a)
a)
a)
a)
Bosch Power Tools