Télécharger Imprimer la page

LG GSX961NSAZ Manuel Du Propriétaire page 757

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 434
ОДРЖУВАЊЕ
Напомени за чистење
• Кога вадите полица или фиока од апаратот,
извадете ја целата храна што е складирана на
полицата или фиоката, за да спречите повреда
или оштетување на апаратот.
− Во спротивно, може да дојде до повреда
поради тежината на складираната храна.
• Ако ги чистите надворешните отвори за
вентилација на апаратот со правосмукалка,
тогаш треба да го исклучите од струја за да
избегнете статичко празнење коешто може да
ја оштети електрониката или да предизвика
струен удар.
• Извадете ги полиците и фиоките и исчистете ги
со топла вода, а потоа избришете ги и вратете
ги назад.
• Редовно бришете ја заптивката на вратата со
влажна мека крпа.
• Истечената храна и дамки на корпите од
вратата треба да се чистат затоа што го
намалуваат капацитетот на чување на корпата,
па дури и да ја оштетат.
• По чистењето, проверете дали кабелот за
струја е оштетен, топол или неправилно
вклучен.
• Одржувајте ги чисти отворите за вентилација
на надворешноста на апаратот.
− Затнати отвори за вентилација може да
предизвикаат пожар или да го оштетат
апаратот.
• Надворешните обоени метални површини може
да се поминат со восок за да ги заштитите од
'рѓа. Не поминувајте ги со восок пластичните
делови. Поминувајте ги со восок обоените
метални површини најмалку двапати годишно
користејќи восок за апарати (или восочна паста
за автомобили). Нанесете восок со чиста и
мека крпа.
• За надворешноста на апаратот, користете
чист сунѓер или мека крпа и благ детергент во
топла вода. Не користете абразивни средства
или силни средства за чистење. Темелно
избришете го со мека крпа.
• Никогаш не мијте ги полиците или садовите во
машина за миење садови.
− Деловите може да се деформираат поради
топлина.
• Ако апаратот е опремен со LED светло,
не вадате го капакот на светлото ниту
LED светлото во обид да го поправате или
сервисирате. Ве молиме стапете во контакт
со Центарот за информации за клиенти на LG
Electronics.
Заменувње на филтерот
Свежо и чисто (Изборно)
За да го одржувате перформансот на филтерот
Свежо и чисто, ако се прикаже порака на
екранот за заменување на филтерот, заменете го
најскоро што можете.
1
Ако се запали иконата Replace на
контролната табла, заменете го филтерот
Свежо и чисто.
2
Држете го и извадете го капакот на филтерот
Свежо и чисто вртејќи го налево.
3
Извадете го филтерот од внатрешноста
на капакот на филтерот Свежо и чисто и
заменете го со нов.
МК
37

Publicité

loading