Употреба на други функции
Аларм за отворена врата
Алармот се огласува трипати во интервал од
30 секунди ако вратата (фрижидер, замрзнувач,
врата во врата) е оставена отворена или ако не е
целосно затворена една минута.
• Стапете во контакт со Центарот за информации
за клиенти на LG Electronics ако алармот
продолжи дури и откако ќе се затвори вратата.
Откривање дефект
Апаратот може автоматски да открива проблеми
за време на работата.
• Ако е откриен проблем, апаратот престанува со
работа и се појавува код за грешка дури и кога
ќе се притисне кое било копче.
• Во ваков случај, не исклучувајте го од струја
и веднаш стапете во контакт со Центарот за
информации за клиенти на LG Electronics. Ако
го исклучите од струја, сервисерот од Центарот
за информации за клиенти на LG Electronics
може потешко да го најде проблемот.
МК
33