Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS 18V-10 Professional Notice Originale page 316

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 18V-10 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 33
316 | Македонски
Сечење на други материјали
При сечење на други материјали како
u
пластика,композитен материјал итн. со композитен
диск за сечење или карбиден диск за сечење
Carbide Multi Wheel секогаш користете ја
заштитната хауба за сечење (13) или заштитната
хауба за брусење (12) со монтиран поклопец за
сечење (14). Со користењето на хаубата за
всисување со лизгачки водилки (35) ќе постигнете
подобар резултат од всисувањето прав.
Работење со дијамантска крунеста бургија
Користете само сува дијамантска крунеста бургија.
u
При работењето со дијамантската крунеста бургија
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (27).
Не поставувајте ја дијамантската крунеста бургија
паралелно на делот што се обработува. Навалете се во
делот што се обработува под агол и со кружни движења.
Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и
подолг работен век на дијамантската крунеста бургија.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
(GWS 18V-10)
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (4)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад
надолу и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Вклучување/исклучување
(GWS 18V-10 P)
1 609 92A 8XF | (03.08.2023)
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво
притиснете ја нанапред рачката за ослободување (10) и
потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/
исклучување (9).
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gws 18v-10 p professional