Поставете го уредот
Спарете го уредот со телефонот преку апликацијата Huawei Health. Скeнирајте го QR-кодот на страница 1 или пребарајте за
„Huawei Health" во AppGallery или на Consumer.huawei.com за да ја преземете апликацијата Huawei Health. Додајте го уредот
во апликацијата Huawei Health и следете ги упатствата на екранот за да го завршите спарувањето.
Работа и безбедност
• Идеални температури се од -10°C до +45°C.
• Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ги на
уреди за затоплување или во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори. Не
расклопувајте ги, не изменувајте ги, не фрлајте ги и не гмечете ги. Не ставајте туѓи тела во нив, не потопувајте ги
во течности и не изложувајте ги на надворешна сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување,
прегревање и запалување, па дури и да експлодираат.
• Уредот има вградена батерија што не може да се отстрани. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата; затоа што тоа
може да го оштети уредот.
• Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на
уредот.
• Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени
установи. Целта на овие барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
• Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот
за да се спречи потенцијална интерференција со пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната
страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или
спречување каква било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена. Ако
забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
• Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Додаток Q од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и
одобрен според националните или локалните стандарди.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да
се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој
начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на
начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации,
контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете
ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Почитување на правните одредби на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd., изјавуваме дека овој уред LEA-B19 е во согласност со неопходните барања и другите
релевантни одредби од Директивата 2014/53/ЕУ.
Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ, и најновите информации за додатоци и софтвер се достапни на
25