Télécharger Imprimer la page

Bosch GML 20 Professional Notice Originale page 172

Masquer les pouces Voir aussi pour GML 20 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-1181-004.book Page 172 Tuesday, April 19, 2016 1:24 PM
172 | Македонски
подесувањето, фреквенцијата се појавува на приказот n, а
потоа на приказот j на екранот.
За пребарување на радио станици со висока јачина на
сигналот притиснете го копчето за пребарување наназад
„– Seek" 23 одн. копчето за пребарување нанапред
„Seek +" 21 и држете го кратко притиснато.
Фреквенцијата на пронајдената радио станица се појавува
кратко на приказот n, а потоа на приказот j на екранот.
При доволно јак прием на соодветен сигнал, радио
апаратот за градилиште автоматски се префрла на стерео
прием. На екранот се појавува приказот за стерео прием i.
За зачувување на подесената станица притиснете на
копчето за зачувување „Memory" 16. На екранот трепка
приказот „PRESET" e, а на приказот d бројот на последно
подесеното место за зачувување. За избор на место на
зачувување притискајте на копчето за пребарување
наназад „– Seek" 23 одн. копчето за пребарување
нанапред „Seek +" 21, додека не се појави саканото место
за зачувување на приказот d. Одново притиснете на
копчето за зачувување 16, за да ја зачувате подесената
станица на избраното место за зачувување. Приказите e и
d не трепкаат повеќе.
Можете да зачувате 20 UKW-станица и 10 MW-станица.
Внимавајте, веќе зафатеното место за зачувување ќе се
замени со ново поставената радио станица доколку
одново изберете.
За репродукција на зачуваната станица притискајте
кратко на копчето за пребарување наназад „– Seek" 23
одн. копчето за пребарување нанапред „Seek +" 21,
додека не се појават саканото место за зачувување на
приказот d и „PRESET" на приказот e.
Приклучување на надворешни аудио извори (види
слика C)
Покрај вграденото радио може да се репродуцираат
различни надворешни аудио извори.
AUX-In-приклучок 1: AUX-In-приклучокот 1 особено е
погоден за аудио извори, кои треба да се сместат надвор
од преградата за медиумски датотеки (на пр. CD-плеер).
Извадете го заштитното капаче на „AUX 1 IN"-отворот 28 и
ставете го 3,5-mm-приклучок на испорачаниот или друг
соодветен AUX-кабел во отворот. Приклучете го AUX-
кабелот на соодветен аудио извор.
Заради заштита од нечистотии повторно ставете го
заштитното капаче на „AUX 1 IN"-отворот 28, откако ќе го
извадите приклучокот на AUX-кабелот.
За надворешни аудио извори преку следните приклучоци
отворете го лостот за блокада 8 и отворете го поклопецот
9 на преградата за медиумски датотеки („Digital Media
Bay").
– SD-/MMC-приклучок: Ставете една SD- или MMC-
картичка во SD-/MMC-приклучното место 34. Натписот
на картичката мора да покажува во правец на безбед-
носното капаче 31. Репродукцијата на картичката може
да стартува, штом на приказот d се појават бројот на
насловот како и вкупниот број на расположливите
наслови на картичката. За да ја извадите картичката,
притиснете кратко на истата за да се исфрли.
1 609 92A 2NE | (19.4.16)
– USB-приклучок: Ставете USB-стик (одн. USB-
приклучок на соодветен аудио извор) во USB-отворот
33. Репродукцијата на USB-стикот може да стартува,
штом на приказот d се појават бројот на насловот, како
и вкупниот број на расположливите наслови на стикот.
За да го извадите USB-стикот извлечете го истиот од
USB-приклучокот.
– AUX-In-приклучок 2: AUX-In-приклучокот 2 особено е
погоден за аудио извори, кои треба да се сместат
надвор од преградата за медиумски датотеки (на пр.
MP3-плеер). Ставете го 3,5-mm-приклучок на
испорачаниот или друг соодветен AUX-кабел во
„AUX 2 IN"-отворот 35. Приклучете го AUX-кабелот на
соодветен аудио извор.
При соодветна големина, приклучените надворешни
аудио извори можете да ги прицврстите со велкро
лепенка на држачот 36 во преградата за медиумски
датотеки.
За заштита од оштетувања и нечистотии, затворете го
поклопецот на преградата за медиумски датотеки 9, откако
ќе го приклучите надворешниот аудио извор.
За репродукција на приклучени аудио извори притискајте
на копчето за избор на аудио извор „Source" 22, додека на
екранот не се појави приказот m за саканиот аудио извор.
Контрола на надворешни аудио извори
Кај аудио извори, коишто се приклучени преку SD-/MMC-
приклучно место 34 или USB-отвор 33, репродукцијата
може да се контролира преку радио апаратот за
градилиште. На приказот d лево се појавува бројот на
моментално избраниот наслов и десно вкупниот број на
постоечки наслови.
Репродукција/прекин на репродукција:
– За да ја стартувате репродукцијата притиснете на
копчето Репродукција/Пауза 24. Траењето на
репродукцијата на моменталниот наслов се појавува на
приказот j.
– За да ја прекинете или продолжите репродукцијата,
одново притиснете на копчето за репродукција/пауза
24. Моменталното траење на репродукцијата трепка на
приказот j.
Изберете наслов:
– За да изберете наслов, притискајте на копчето за
пребарување наназад „– Seek" 23 одн. на копчето за
пребарување нанапред „Seek +" 21, додека не се
појави бројот на саканиот наслов на левата страна на
приказот d.
– За да ја стартувате репродукцијата притиснете на
копчето Репродукција/Пауза 24.
Случајна репродукција/повторување на
репродукција:
– За да ги репродуцирате сите наслови на картичката
одн. USB-стикот по случаен редослед, притиснете
еднаш на копчето Случајна репродукција/повторување
на репродукција 20. На екранот се појавува приказот f.
– За да ги повторите сите наслови во моменталната
папка, притиснете на копчето за случајна
репродукција/повторување на репродукција 20 по
Bosch Power Tools

Publicité

loading