ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ГЛОДАЛКИ ЗА ЅИДНИ КОНСТРУКЦИИ
Производен број
Определен внес
Hоминална брзина
D=Максимален дијамантска разделна плоча-ø
d=бушење-ø
b=Дебелина на плочата за сечење мин. /
макс.
Длабочина на сечење
Ширина на сечење
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN
60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично
изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
h
Несигурност К
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN
60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за
привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСЕЧКИ
МАШИНИ ЗА ДЕЛЕЊЕ
a) Заштитната хауба која што припаѓа кон
електричното орудие мора да биде нанесено
безбедно и подесено на тој начин, што ќе се
постигне највисока мера на безбедност, односно
најмалиот дел на делот за брусење да биде отворен
према лицето корисник. Вие и лица кои што се
наоѓаат во близина држете растојание вон нивото
на ротирачкиот диск за брусење. Заштитната хауба
треба да ги штити корисниците од откршени парчиња и
случаен контакт со брусечкото тело.
b) Исклучиво употребувајте поврзани засилени
или со дијамант обезбедени дискови за делење за
Вашето електрично орудие. Самото тоа што можете
опремата да ја прицврстите за Вашето електрично
орудие не гарантира безбедна употреба.
c) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува,
мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на
118
МАКЕДОНСКИ
WCE 30 (110 V)
WCE 30
3838 61 04...
3838 56 04...
...000001-999999
3858 20 04...
...000001-999999
1300 W
1500 W
8600 min
8600 min
-1
-1
125 mm
125 mm
22,2 mm
22,2 mm
2,4 / 2,6 mm
2,4 / 2,6 mm
8-30 mm
8-30 mm
19-26 mm
19-26 mm
4,1 kg
4,1 kg
98 dB(A)
98 dB(A)
109 dB(A)
109 dB(A)
7 m/s
2
7 m/s
2
1,5 m/s
2
1,5 m/s
2
вртежите на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто
се врти побрзу, може да се скриша и да излета.
d) Телата за брусење смеат да се употребуваат само
за препорачаните можности за употреба. На пример:
никогаш не брусење со страничната површина од
диск за делење. Дисковите за делење се наменети
за отстранување на материјал со работ на дискот.
Дејството на странична сила врз овие тела за брусење
може да ги скрши истите.
e) Секогаш употребувајте исклучиво неоштетени
фланшови за затегнување во исправната вечичина
за разделната плоча која што е избрана од Вас.
Соодветните фланшови ја потпираат разделната
плоча и со тоа ја намалуваат опасноста од кршење на
разделните плочи.
f) Не употребувајте искористени дискови за
брусење од поголеми електро-алати. Дисковите за
брусење за поголеми електро-алати не се погодни за
повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-
алати и можат да се скршат.
g) Надворешниот пресек и дебелината на орудијата
кои што се применуваат мора да соодветствуваат
со мерните информации на Вашето електро-орудие.
Погрешно измерени орудија за употреба не можат во
доволна мерка да бидат заштитени или контролирани.
h) Дисковите за брусење и фланшовите мора точно
да одговараат на вретеното за брусење на Вашето
електрично орудие. Орудија во примена кои што не
одговараат точно на вретеното за брусење на Вашето
електрично орудие, се вртат нерамномерно, многу силно
вибрираат и можат да доведат до губење на контролата.
i) Не употребувајте оштетени дискови за брусење.
Пред секоја употреба контролирајте ги дисковите
за брусење да не имаат отскршени делчиња и
пукнатини. Кога електричното орудие или дискот за
брусење ќе Ви падне, проверете да не е оштетено
или употребете неоштетен диск за брусење.
Кога дискот за брусење го имате контролирано и
вметнато, Вие и лица кои што се наоѓаат во близина,
внимавајте да не дојдете на нивото на ротирачкиот
диск за брусење и оставете го апаратот да врти
со највисок број на вртежи за цела една минута.
Дискови за брусење кои што се оштетени за ова време
на тестирање обично ќе се скршат.
j) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или
специјална престилка, со која се заштитувате од
ситни честички од шлајфувањето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се
разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење
мора да ја филтрираат прашината што се создава
при работата. Доколку сте подолго време изложени
на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на
слухот.
k) Кај други лица обратете внимание на безбедно
растојание кон Вашето подрачје на работење. Секој
кој што влегува во работното подрачје мора да носи
лична заштитна опрема. Делови од парчето кое што се
работи или скршено орудие кое што се употребува може
да летне и да предизвика повреди и вон директното
подрачје на изведување на работите.
l) Држете го електричниот алат за издадените
површини при изведување на операции при кои
алатот за сечење можат да дојдат во контакт со
скриени жици или сопствениот гајтан. Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници
од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе
доживее струен удар.
m) Кабелот за напојување со струја чувајте го
настрана од прибор што се врти. Доколку ја изгубите
контролата над електро-алатот, кабелот за напојување
со струја може да се исече или да се закачи и вашата
рака или вашата дланка да бидат повлечени во
приборот што се врти.
n) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако
орудието за применување не е дојдено во потполно
мирување. Орудието за примена кое што се врти може
да дојде во контакт со подлогата за оставање со што би
можеле да ја изгубите контролата врз електро-орудието.
o) Не оставајте го електро-алатот да работи додека
го носите. Вашата облека може да биде закачена преку
случаен контакт со приборот што се врти, при што тој
може да навлезе во вашето тело.
p) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
q) Не го употребувајте електро-орудието во близина
на запаливи материјали. Искрите би можеле да ги
запалат овие материјали.
r) Не употребувајте орудија за примена, кои што
изискуваат течни средства за ладење. Употребата
на вода или други течни средства за ладење може да
доведат до електричен удар.
Понатамошни упатства за безбедност за
применувањето на брусењето со делење
Повратен удар и соодветни напомени за безбедност
Повратниот удар претставува ненадејна реакција како
последица на диск за брусење кој што при вртењето е
заглавен или блокиран. Заглавувањето или блокирањето
доведува до нагло стопирање на ротирачкото применето
орудие. На тој начин неконтролирано електрично орудие
се забрзува наспроти правецот на вртење на
применетото орудие кај местото на блокирање.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење
што навлегува во материјалот, може да се закачи и на
тој начин да дојде до излегување на дискот или да се
предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за
брусење се движи или кон операторот или настрана од
него, зависно од насоката на вртење на дискот во
точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да
биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост,
како што се опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе
можете да дадете отпор на силите од повратиот
удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка,
доколку постои, за да можете да имате максимална
можна контрола над силите од повратниот удар
или на моментите на реакција при пуштање во
работа. Операторот може да ги контролира силите на
повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во
близина на прибор што се врти. Во случај на повратен
удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака.
c) Избегнувајте го подрачјето пред и позади
ротирачкиот диск за делење. Повратниот удар го тера
електричното орудие во правец наспроти движењето на
дискот за брусење кај местото на блокирање.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри
рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот
се одбива од и заглавува во материјалот за
обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на
одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување.
Тоа предизвикува губење на контролата или повратен
удар.
e) Не употребувајте ланчест или запчест лист за
пилење ниту пак сегментиран дијамантен диск со
повеќе од 10 мм широки шлицови. Такви применети
орудија често предизвикуваат повратен удар или губење
на контролата врз електричното орудие.
f) Избегнувајте заглавување на дискот за
делење или премногу висок контактен притисок.
Не изведувајте претерано длабоки засеци.
Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува
неговиот напор и чувствителноста за извртување или
блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар или
за кршење на телото за брусење.
g) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот
и држете го мирно сè додека дискот не постигне
состојба на мирување. Никогаш не обидувајте
се, да го извлечете дискот од засекот додека се
врти, во спротивно може да дојде до повратен
удар. Констатирајте и отстранете ја причината за
заглавувањето.
h) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè
додека истиот се наоѓа во материјалот за обработка.
Дозволете дискот да го достигне целиот број
на вртежи, пред внимателно да го продолжите
сечењето. Во спротивно дискот може да заглави,
МАКЕДОНСКИ
119