– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
C1–C4)
Пред монтажата на кутијата за прав (6) извлечете го
пластичниот лизгач (13). Ставете ја кутијата за прав (6)
на млазниците за издувување (14), додека не се вклопи.
Внимавајте на тоа, пластичниот лизгач (13) да се вклопи
во држачот (12).
За празнење на кутијата за прав (6) притиснете на лостот
за фиксирање (15) од страната на кутијата за прав (➊).
Извлечете ја кутијата за прав надолу (➋).
Пред да ја отворите кутијата за прав (6) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (6) за вградената рачка,
преклопете го филтерот (16) нагоре и испразнете ја
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (16)
со мека четка.
Надворешно всисување (види слика D)
Ставете го адаптерот за всисување (17) на млазниците за
издувување (14). Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот
за фиксирање на адаптерот за всисување. На адаптерот
за всисување (17) може да се приклучи црево за
всисување со дијаметар од 19 mm.
За демонтажа на адаптерот за всисување (17)
притиснете на неговиот лост за фиксирање од задната
страна и извлечете го адаптерот за всисување.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Сопствено всисување со ќеса за прав (види слика E)
Кај помали работи може да приклучите ќеса за прав
(опрема) (19).
Пред монтажата на ќесата за прав (19) извлечете го
пластичниот лизгач (13). Прицврстете го млазниците на
вреќата за прав на млазниците за издувување (14).
Внимавајте на тоа, пластичниот лизгач (13) да се вклопи
во држачот на ќесата за прав (19).
Редовно празнете ја ќесата за прав (19), за оптимално да
се одржи собирањето на прав.
Дополнителна рачка
Дополнителната рачка (1) овозможува удобно ракување
и оптимална распределба на јачината, пред сè при
Bosch Power Tools
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
Прицврстете ја дополнителната рачка (1) со завртката
(2) на куќиштето.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете
го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4). При
фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (4),
најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (3)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
1 – 2
низок број на осцилации
3 – 4
среден број на осцилации
5 – 6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Константната електроника одржува постојан број на
осцилации при празен од и оптоварување и овозможува
иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Кочница на брусниот диск
Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот
на осцилации при празен од, така што при ставањето на
електричниот апарат на делот што се обработува, се
спречува создавањето на гребнатини.
Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се
накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот
диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека
кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената
кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Македонски | 137
1 609 92A 7T4 | (24.05.2022)