OBJ_DOKU-27437-003.fm Page 123 Friday, February 13, 2015 12:25 PM
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 1 нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Поставете го правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 4
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 4 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 4 на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со лизгачот за подесување на вртежниот момент 6 може
да го изберете потребниот вртежен момент во 8 степени.
При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се
стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во
материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот
вртежен момент. Во позицијата „
спојка е деактивирана, на пр. за дупчење.
Во лев тек преоптеретната спојка е деактивирана.
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
5 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 се постигнуваат мал број на
вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 5 не е
притиснат, вретеното за дупчење и прифатот за алат ќе се
фиксираат.
Ова овозможува зашрафување на шрафови и при
испразнета батерија одн. користење на електричниот алат
како шрафцигер.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
надминување на границите на дозволена температура на
батеријата, електричниот апарат се исклучува. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот апарат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Подеслива глава на алатот (види слика D)
Главата на алатот може да се фиксира во 5 различни
аголни позиции. Притиснете го копчето за отклучување 7
и навалете ја главата на алатот во саканата позиција.
Повторно отпуштете го копчето за отклучување 7.
Пред употребата проверете дали главата на алатот е
фиксирана во односната аголна позиција. Постои
опасност од повреда.
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
" преоптеретната
Обрач за закачување
Со склопливиот држач за закачување 8 може да го
закачите електричниот апарат на пр. на кука. Така двете
Македонски | 123
1 609 92A 15P | (13.2.15)