Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M12 BBL Notice Originale page 45

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Моќ на оценување
Номинална влезна струја
Брзина без оптоварување 1 / 2
Брзина на воздушната струја 1 / 2
Струење на воздушниот волумен 1 / 2
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
(Li-Ion 2,0 Ah ... 6,0 Ah)
Тежина без батерија
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени
согласно стандардот EN 50636-2-100 Annex CC. A-оценетото ниво
на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности
(векторски збир на трите насоки) пресметани согласно
EN 50636-2-100 Annex BB.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
Вибрација на рачката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 50636-2-100 Annex BB и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто
така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Внимателно прочитајте го
упатството за употреба и запознајте се со елементите за
употреба и со начинот за соодветна употреба на алатката.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ИЗДУВУВАЧ НА ЛИСЈА НА
БАТЕРИИ
Инструкции за употреба
Внимателно прочитајте го упатството за употреба и запознајте
се со елементите за употреба и со начинот за соодветна
употреба на алатката.
Обрнете внимание на тоа, дека Вие како управувач со алатката
сте одговорен за незгоди или опасности, кои што при нeјзина
употреба ќе настанат кај други лица и кај нивна сопственост.
Подготовка
При употребата на алатката секогаш носете заштита за слухот и
заштитни очила.
При употребата на алатката секогаш носете цврсти чевли и
долги пантолони. Немојте да го користите издувувачот на лисја
додека сте боси или доколку носите отворени чевли. Немојте да
носите широка облека или облека со висечки врвки или појаси.
Немојте да носите широка облека или накит, кој што може да
биде вшмукан. Држете ја долгата коса подалеку од отворите за
влез на воздух.
Употребувајте ја машината со тоа што ќе ја држите како што се
препорачува и само на цврста, рамна подлога.
88
M12 BBL
Издувувач на лисја на батерии
4830 78 01 XXXXXX MJJJJ
12 V ⎓
240 W
20 A
0 - 11.000 / 0 - 15.000 min
0 - 128 / 0 - 177 km/h
0 - 3,5 / 0 - 4,9 m
/min
3
1,85 ... 2,1 kg
1,7 kg
-18 ... +50 °C
M12B...
C12C; M12C4; M12-18...
73,0 dB (A) / 2,5 dB (A)
82,9 dB (A) / 1,2 dB (A)
0,9 m/s
/ 1,5 m/s
2
Немојте да ја употребувате алатката на поплочен или камен
под, бидејќи раздуваниот материјал може да доведе до повреди.
Ракување
Никогаш не го употребувајте градинарскиот апарат кога во
непосредна близина се наоѓаат деца или домашни миленичиња.
При употребата на машината секогаш стојте подалеку од
подрачјето на исфрлање.
Ако машината е затната, тогаш пред нејзиното чистење треба да
се извади батеријата.
Машината никогаш да не работи со дефектни капаци или
заштитни механизми (на пр. калник).
Да се исклучи машината и да се извади батеријата. Утврдете со
сигурност дека сите подвижни делови се во мирување, пред
- да се тргнете од машината;
- да ги отстраните нечистотиите и затнувањата;
- да преземете активности за контрола и чистење на машината.
Дувачот на листови не смее да се користи за всмукување!
Не дувајте жешки, запаливи или експлозивни материјали
заедно.
Употребувајте го градинарскиот апарат исклучиво на дневна
светлина или на квалитетно вештачко светло.
Внимавајте на стабилна положба, особено на стрмнини.
Немојте да дувате кон лица кои што стојат во близина. Немојте
да работите без поставена цевка.
Секогаш одете, никогаш не трчајте.
МАКЕДОНСКИ
Сите отвори за ладење на воздухот одржувајте ги така, за да
немаат допир со нечистотија.
Обратете внимание на тоа, од расфрлуваните страни тела да не
бидат повредени лица кои што би стоеле во Ваша близина.
Не всмукувајте течности!
Не се наслонувајте премногу према напред и во секое време
одржувајте ја рамнотежата.
-1
Ако производот падне, претрпи тежок удар или ако чудно
вибрира, веднаш стопирајте го производот и проверете да не
има некакви оштетување или идентификувајте ја причината
за вибрирањето. Секоја штета мора уредно да биде отклонета
од страна на овластениот сервис или треба да се замени
производот.
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на дожд.
Одржување и складирање
Пред одржување, инспекција, складирање или промена на дел
од приборот, да се извади батеријата и да се констатира со
сигурност дека сите подвижни делови се во мирување. Пред
спроведувањето на испекциите и подесувањата, машината да
се остави да се олади. Добро грижете се за машината и чувајте
ја чиста.
Да се чува на ладно место и надвор од дофат на деца.
Пред складирањето машината да се остави да се олади.
Не изведувајте измени кај дувачот на листови. Недозволиви
промени би можеле да ја загрозат безбедноста на дувачот на
листови и да доведе до засилени шумови и вибрации.
Осигурајте се дека сите мутери, клинови и штрафови се цврсти
за да биде гарантирана безбедна состојба на работење на
2
градинарскиот апарат.
Проверете го градинарскиот апарат и заменете ги заради
причини на безбедност изабените или оштетените делови.
Од сигурносни причини треба да се изврши замена на
изабените и оштетените делови. Користете само оригинални
резервни делови и прибор.
Никогаш немојте да се обидувате да ја премостите заштитната
направа.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Овој апарат може да го користат
деца на возраст од 8 години и нагоре,
како и лица со намалени психички,
сензорни или ментални способноси
или со недостаток на искуство и /
или знаење, доколку се под надзор
или доколку добиле упатства за
безбедна употреба и ги сфатиле
потенцијалните опасности што би
произлегле од употребата. Деца
не смее да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот
не смее да вршат деца без соодветен
надзор.
Извадете го батерискиот склоп
пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината. Не ги оставајте
искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите
на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата
околина. Не ги чувајте батериите
заедно со метални предмети (ризик
од краток спој). Користете исклучиво
Систем M12 за полнење на батерии
од M12 систем. Не користете батерии
од друг систем.
Киселината од оштетените батериите
може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се
веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Издувувачот на лисја на батерии служи за дување на
нечистотија и лисje.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батериите што не се полнат не треба да ги полните повторно.
Батериите на полнење мора да се отстранат од уредот пред
полнењето. Празните батерии мора да се извадат од апаратот и
безбедно да се отстранат. Кога апаратот се чува подолго време,
батериите треба да се отстранат.
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
МАКЕДОНСКИ
89

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

M12bbl-0