Télécharger Imprimer la page

Electrolux EOE8P19WW Notice D'utilisation page 386

Masquer les pouces Voir aussi pour EOE8P19WW:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 171
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
• Погрижете се да не ги оштетите приклучокот за струја и кабелот. Доколку кабелот за
струја на апаратот треба да се замени, тоа мора да го направи нашиот Овластен
сервисен центар.
• Не дозволувајте кабелот да дојде во допир со или да биде близу до вратата на
апаратот, особено кога работи или кога вратата е жешка.
• Заштитата од електричен удар на активните и изолираните делови мора да се поврзе
на таков начин што нема да може да се извади без алатки.
• Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на крајот од монтажата. Проверете
дали приклучокот за струја е пристапен по монтирањето.
• Доколку штекерот е лабав, не приклучувајте го приклучокот за струја.
• Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
• Користете само соодветни уреди за изолација: заштитни прекинувачи на линија,
осигурувачи (осигурувачи на вртење извадени од држачот), заземјување и контактори.
• Електричната инсталација мора да има изолациски уред кој што ви овозможува да го
исклучите апаратот од приклучокот за струја од сите полови. Изолацискиот уред мора
да има контактен отвор со ширина од најмалку 3 мм.
• Целосно затворете ја вратата на апаратот пред да го поврзите главниот штекер со
приклучокот за струја.
• Апаратот е снабден со приклучок и кабел за струја.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда, изгореници или струен удар или експлозија.
• Овој апарат е само за домашна употреба (внатре).
• Не менувајте ја спецификацијата на овој апарат.
• Осигурајте се дека отворите за вентилација не се блокирани.
• Не го оставајте апаратот да работи без надзор.
• Исклучете го апаратот по секоја употреба.
• Бидете внимателни кога ја отворате вратата на апаратот додека работи. Може да
излезе врел воздух.
• Не ракувајте со апаратот со мокри раце или кога има контакт со вода.
• Не ја притискајте отворената врата.
• Не употребувајте го апаратот како работна површина или површина за складирање.
• Внимателно отворете ја вратата на апаратот. Користењето состојки со алкохол може
да предизвика мешање на алкохол и воздух.
• Не дозволувајте искрите или отворен оган да дојдат во контакт со апаратот кога ќе ја
отворите вратата.
• Не ставајте запаливи производи или предмети кои се мокри заедно со запаливи
производи во апаратот, или во негова близина.
• Не ја споделувајте вашата Wi-Fi лозинка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на апаратот.
• За да спречите оштетување или избледување на емајлот:
– не ставајте садови за во рерна или други предмети во апаратот директно на дното.
– не ставајте алуминиумска фолија директно на дното на внатрешноста на апаратот.
– не ставајте вода директно на жешкиот апарат.
386/720

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Eoe8p19wxKoebp39wxKoebp39wz