Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир
на деца.
Не редете други предмети врз уредот.
Не оставајте го производот на подот. Може да се сопнете
преку него.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се
цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.
Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш
оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
Производот не смее да се менува, секоја измена може да
доведе до повреди.
Острење и балансирање на сечилото
Правилното острење и балансирање на сечилото бара
многу вежбање. Bosch препорачува да користите
одобрено заменско сечило. Замена на сечилото може да
се врши и во одобрен сервисен центар.
Транспорт на машина за сечење
При транспорт и складирање сечилото секогаш треба да
се прекрие со соодветен штитник.
Носете ја косилката во едната рака, добро избалансирано
на ременот, со додаток за сечење кон задната страна.
Обезбедете ја косилката од превртување и поместувања
за време на транспортот.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура
од –20 °C − 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример
во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во
уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на
дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата
изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат за
повторна употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 203).
Македонски | 203
F 016 L94 068 | (14.01.2022)