274 | Македонски
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете го алатот за вметнување (1) од алатот за
прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти.
Употреба
Користете лична заштитна опрема.
Секогаш носете заштита за очи.
Заштитната опрема, како на пр., маска за
прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто
се користат за соодветни услови, ќе доведат до
намалување на лични повреди.
Ставање во употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот алат,
најпрво треба да го подесите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење (13):
Електричниот алат ќе стартува, доколку прекинувачот за
правец на вртење (13) не стои во средината (блокада при
вклучување).
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Активирајте го прекинувачот за менување на
u
правецот на вртење (13) само кога електричниот
алат е во мирување од.
Десен тек: За навртување на завртките, притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење (13) на
лево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртките
притиснете го прекинувачот за менување на правецот на
вртење (13) на десно до крај.
Вклучување на работното светло
Работното светло (20) овозможува осветлување на
местото на завртување при неповолни светлосни услови.
Работното светло го вклучувате (20) со лесно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (12). Доколку го притиснете посилно
прекинувачот за вклучување/исклучување, ќе се вклучи
електричниот алат, а работното светло и понатаму свети.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат спојка за
исклучување која зависи од вртежниот
момент и се подесува во дадените граници.
Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
Hапомена: Доколку го употребувате одвртувачот со
струјниот адаптер, најпрво мора да го активирате
регулаторот на напон.
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (12) до крај.
Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
1 609 92A 5P3 | (06.04.2020)
При предвремено отпуштање на прекинувачот за
u
вклучување/исклучување (12) претходно
подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Совети при работењето
Електричниот алат е опремен со безжичен
u
интерфејс. Треба да се внимава на локалните
оперативни ограничувања, на пр. во авиони или
болници.
Прекинете го струјното напојување, пред да
u
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не
сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот алат.
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на вртежниот момент (види слики E – G)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување (26) што е
испорачан со уредот.
Турнете го лизгачот (7) од електричниот алат целосно
наназад.
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15 | 17 | 23 | 30
Вметнете клуч со внатрешна шестаголна глава (27) во
алатот за вметнување (26) и свртете го полека.
Веднаш штом забележите мала испакнатина во отворот
на куќиштето (плочка за подесување (28)) на спојката,
вметнете го алатот за поставување (26) во оваа
испакнатина и свртете го.
BT-EXACT
2 | 4 | 6 |7 | 8 | 9 | 12
Вметнете клуч со внатрешна шестаголна глава (27) во
прифатот за алат (2) и свртете го полека.
Веднаш штом забележите мала испакнатина во отворот
на куќиштето (плочка за подесување (28)) на спојката,
вметнете го алатот за поставување (26) во оваа
испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Извадете го алатот за поставување (26). Турнете го
лизгачот (7) повторно нанапред, за да ја заштитите
спојката од нечистотија.
Bosch Power Tools