SKIL MASTERS 1630 Notice Originale page 82

Masquer les pouces Voir aussi pour 1630:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 9
• Заштитна рамка ! (1640)
- за заштита на алатот
- за наведување на алатот
- за складирање на алатот на едноставен начин
- монтирајте ја заштитната рамка E пред користење
на алатот по прв пат
• Работа со алатот
! проверете дали алатот е исклучен
- поставете ја лопатката за мешање G на осовината
F како што е посочено на сликата @
- вклучете го штекерот во извор на струја
- осигурајте се контејнерот за мешање да е
безбедно позициониран на подот
- потопете ја лопатката за мешање во супстанцата
што треба да се измеша
- поставете го тркалцето C 2 во позиција "1"
- вклучете го алатот
- постепено зголемувајте ја брзината за мешање со
вртење на тркалцето C 2 на саканата максимална
брзина (внимавајќи супстанцата да не се
распрскува наоколу)
! исклучете го алатот само кога лопатката за
мешање се наоѓа во контејнерот за мешање
• Електронско меко вклучување
Обезбедува внимателно постигнување максимална
брзина без неочекувано влијание кога ќе се вклучи
алатот
• Електронска постојана брзина
Ја одржува брзината на постојано ниво при
зголемување на оптоварувањето
• Електронска заштита од преоптеретување
- автоматски ја намалува брзината за мешање во
случај кога алатот е преоптеретен подолг период
- отпуштете го прекинувачот A 2 накратко за да се
вратите на нормалната работна брзина
• Држење и насочување на алатот #
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
! секогаш држете го алатот цврсто со двете
раце
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
- по мешање, секогаш чистете ја мешалката и
деловите
- чистете го алатот со сува, мека крпа (не користете
средства за чистење или раствори)
- чистете ги отворите за вентилација H 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• AUTO-STOP графитни четкички
- овој алат е опремен со јаглеродни четки коишто,
кога ќе се изабат, спречуваат оштетување на
моторот
- доколку алатот ненадејно застане, испратете го
кај најблискиот SKIL сервис или кај вашиот
застапник, за да се изврши замена на четкичките
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skilmasters.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот $ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
23.12.2013
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 85 dB(A) а нивото на звучна моќност 96
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација <
2,5 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
82

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

1640F0151630F0151640

Table des Matières