Cybex Platinum SIRONA Zi i-SIZE Mode D'emploi page 124

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
СЕРТИФИКАЦИЈА
SIRONA Zi i-Size
ОН R129/03
Опсег на големина:
45-105 см
Тежина: мкс. 18 кг
Ви благодариме што одлучивте да го купите седиштето за автомобил
SIRONA Zi i-Size.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го инсталирате
седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака во
специјално наменетиот оддел.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Без одобрение на органот за Типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел вашето дете да се заштити правилно, задолжително е да го
користите седиштето за автомобил како што е опишано во овa Упатство
за корисник.
Не користете седиште за автомобил завртено нанапред пред детето да
биде на возраст од 15 месеци и да достигне должина од 76 см.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
Монтирањето на ова седиште за автомобил на предното патничко
седиште со активирано предно воздушно перниче НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани во
MK
упатството и означени на детскиот систем за врзување.
Влошката за новороденче се употребува за заштита на детето и мора да
се употребува сè додека детето не достигне должина од 60 см.
Скутните каиши на сигурносниот каиш мора да минуваат што е можно
пониско преку слабините на детето за да имаат максимален ефект
при судир.
Пред секое патување треба да обезбедите дека сигурносниот каиш
со пет точки на прицврстување е прилагоден правилно и дека е добро
прицврстен на телото на детето. Каишите никогаш не смее да се
превиткуваат!
122
Sirona Zi i-Size
i-Size universal ISOFIX
45-105 cm
max. 18 kg
030040
UN Regulation
No. 129/03
Cybex GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
Само оптимално прилагодениот наслон за глава може да му понуди на
детето максимална заштита и удобност, а истовремено да обезбедува
дека каишите за раменици се поставени соодветно.
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и
прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
Потпорната ногарка мора секогаш да биде во директен контакт со подот
на возилото. Ако вашето возило има простор за складирање во просторот
за нозе, треба да контактирате со производителот на возилото за да
бидете сигурни дека возилото ја поддржува потпорната ногарка.
Додека возите, седиштето за автомобил мора секогаш да биде закочено
завртено наназад или нанапред.
За да овозможува најдобра можна заштита, седиштето за автомобил
секогаш треба да ја употребува линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.).
Ако го користите седиштето за автомобил на средното седиште на
задната клупа на возилото, линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.) не смее никогаш да биде во отворена позиција.
Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за
користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во отворена
позиција.
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е
заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото или
да кога го прилагодувате задното седиште.
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Бидете сигурни дека се употребува само
оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен
елемент што овозможува седиштето да функционира правилно.
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
Некои делови од овој систем за врзување на дете може да се загреат
кога се изложуваат на директна сончева светлина и би можеле да
предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете го вашето дете и
седиштето за автомобил од директно изложување на сончева светлина.
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за
автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообраќајна
несреќа, ве молиме да го замените седиштето за автомобил. Ако се
двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières