OBJ_BUCH-229-009.book Page 102 Friday, September 8, 2017 9:52 AM
102 | Македонски
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот апарат,
навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување
2 во позиција „I".
– За да го исклучите електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 во
позиција „0".
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Ова стартно време може да го скратите, така што алатот
што е вметнат во електричниот апарат ќе го удрите еднаш
од под.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето (види слика G)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За време на работата, држете го електричниот апарат со
двете дланки на дршката 1. Дршката 1 се движи околу
нејзината оска околу 30 мм нагоре и надолу. Ова делува
наспроти осцилациите кои се појавуваат.
За што поголемо придушување на ударите, работете само
со умерен притисок.
Острење на алатот за длетување
Само со остри алати за длетување може да постигнете
добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова
овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри
работни резултати.
Дополнително брусење
Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на пр.
корунд, со ист довод на вода. На сликата се прикажани
референтните вредности. Внимавајте на тоа, на острицата
да не се појави боја на отпуштање; ова ја оштетува
цврстината на алатите за длетување.
60
4
60
20
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1050 °C (светло
црвена до жолта).
За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете
го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на
320 °C (боја на отпуштање светло сина).
1 609 92A 2BF | (23.5.18)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Откако ќе се искористат карбонските четки, електричниот
апарат сам се исклучува. Електричниот апарат мора да се
достави на одржување во сервисната служба, видете ги
адресите во дел „Сервисна служба и совети при
користење".
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
60
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools