Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GAS 18V-10 L Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 18V-10 L Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
156 | Македонски
– Вметнете го адаптерот за всисување (14) или
свитканата млазница (15) во млазниците за всисување
на електричниот алат.
Само со користење на адаптер за всисување (14):
Напомена: При работење со електрични алати, чијшто
довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр.
убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот
за дополнителен (32) на адаптерот за всисување (14). Со
тоа се подобрува целокупниот капацитет на всисувачот и
на електричниот алат. Притоа, свртете го прстенот над
отворот за непотребен воздух (32), додека не се појави
максимален отвор.
Вшмукување на влажни материјали
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жешка, запалива или експлозивна прав. Не го
користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или
течностите може да се запалат или да експлодираат.
Пред всисување на влажни материи
– Испразнете го садот (1).
– Исчистете го филтерот (33) и повторно вметнете го во
всисувачот(види „Чистење/замена на филтерот (види
слики I1−I2)", Страница 156).
Всисувачот е опремен со пловка (34). Откако ќе се
постигне максималната висина на полнење, всисувањето
ќе се прекине.
По секое висување на влажни материи
– Испразнете го садот (1).
– Испразнете ја водата од филтерот (33).
По висување на влажни материи за да се избегне
создавање на мувла
– Извадете го горниот дел на всисувачот (5) и оставете
го добро да се исуши.
– Извадете го филтерот (33) и него оставете го добро да
се исуши (види „Чистење/замена на филтерот (види
слики I1−I2)", Страница 156).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
u
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
1 609 92A 7MV | (12.05.2022)
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во
нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста
како и сите машински делови или да се третира со
средство за дихтување. Пред да извршите какви било
поправки, сите извалкани делови што не може доволно
да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови
мора да се отстранат во непропустливи ќеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на
ваков отпад.
– Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на садот (види слики H1−H2)
Исчистете го садот (1) по секоја употреба, за да го
одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Отворете ги затворачите (2) и извадете го горниот дел
на всисувачот (5).
– Истресете го садот (1) над соодветен сад за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го садот со една
влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете го филтерот (види
„Чистење/замена на филтерот (види слики I1−I2)",
Страница 156).
– Повторно вметнете го горниот дел на всисувачот (5) и
затворете ги затворачите (2).
Чистење/замена на филтерот (види слики I1−I2)
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на
филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги затворачите (2) и извадете го горниот дел
на всисувачот (5).
– Свртете го филтерот (33) до крај во правецот на
вртење
и извадете го од држачот за филтер (35).
– Сушење на филтерот:
Потчукнете го филтерот (33) над соодветен сад за
отпад. Внимавајте на тоа да не се оштетат ламелите на
филтерот.
За да добиете максимална сила на всисување,
исчеткајте ги ламелите на филтерот со мека четка.
или
Филтерот е влажен:
Исплакнете го филтерот (33) под млаз вода и потоа
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières