Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GDE 18V-16 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GDE 18V-16 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
OBJ_BUCH-2783-001.book Page 56 Friday, September 30, 2016 2:30 PM
56 | Македонски
Вметнување/вадење на дупчалката (види слика B)
– Притиснете го копчето 5 за подесување на должината
на дупчалката и извлечете ја водилката 4 нанадвор до
крај.
– Повторно отпуштете го копчето 5.
– Вметнете го врвот на дупчалката одзади низ окцето за
прав 1/2 и потоа вметнете го во главата за дупчење
според упатствата на вашиот електричен алат.
– Пред вадење на дупчалката повторно притиснете го
копчето 5 и извлечете ја водилката 4 нанадвор до крај.
Подесување на должината на водилката (види слика C)
За чисто вшмукување и коректно поставување на
граничникот за длабочина мора водилката 4 да е подесена
на тој начин, што врвот на дупчалката ќе лежи рамно на
окцето за прав 1/2.
– Ставете ја саканата дупчалка
во прифатот за алат на
главата за дупчење.
– Притиснете го копчето 5
додека ја подесувате
водилката 4 соодветно на
должината на дупчалката.
– Повторно отпуштете го
копчето 5.
Напомена: За складирање на уредот за вшмукување
притиснете го копчето 5 и извлечете ја водилката 4
нанадвор до крај. Со тоа ќе се ослободи пружината на
водилката и ќе се зголеми животниот век на пружината.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика D)
Со копчето 3 за подесување на граничникот за длабочина
може да се утврди саканата длабочина на дупчење X.
– Притиснете го копчето 3 и поместете го копчето на
водилката 4, така што растојанието прикажано на
сликата X ќе одговара на саканата длабочина на
дупчење.
– Повторно отпуштете го копчето 3.
Замена на окцето за прав (види слика E)
Во зависност од главата за дупчење мора да се замени
окцето за прав 1/2:
– Окце за прав 1 за SDS-plus-резервна глава за дупчење
– Окце за прав 2 за SDS-plus-фиксна глава за дупчење
Дополнително, мора да го замените окцето за прав, ако на
површината за поставување на ѕидот има значителни
траги од абење и поради тоа при вшмукување не се чисти
правта со четката за вшмукување.
1 609 92A 19U | (30.9.16)
Вадење на окцето за прав 1/2:
– Притиснете го копчето за фиксирање 12 и извлечете го
окцето за прав нагоре од држачот.
Монтирање на окцето за прав 1/2:
– Вметнете го новото окце за прав од држачот, додека не
слушнете да се вклопи копчето за фиксирање 12.
Празнење на кутијата за прав (види слики F1–F4)
Напомена: При сервис и чистење на кутијата за прав
користете маска за заштита од прав.
Испразнете ја кутијата за прав 13 по завршување на
работата или по потреба, за да ја одржите оптималната
ефикасност на вшмукување. Со помош на прозорецот 7
можете да ја контролирате наполнетоста на кутијата за
прав.
– Држете го електричниот алат со уред за вшмукување
хоризонтално и вклучете го неколку секунди.
Со тоа се вшмукуваат остатоците од прав од каналот за
вшмукување во кутијата за прав 13.
– Притиснете ги левото и десното копче за отклучување 6
и извлечете ја кутијата за прав 13 од уредот за
вшмукување.
– Истресете ја кутијата за прав 13 над соодветен сад за
отпад.
– Притиснете ги левото и десното јазиче за заклучување
15навнатре и извлечете го HEPA-филтерот 14 од
кутијата за прав.
– Внимателно потчукнете го HEPA-филтерот или
исчеткајте ги ламелите на HEPA-филтерот со меко
метличе.
Напомена: Не го чистете HEPA-филтерот со вода или со
издувување со компримиран воздух.
– По чистењето повторно вметнете го HEPA-филтерот 14
во кутијата за прав 13. Потоа вметнете ја кутијата за
прав во уредот за вшмукување, додека не слушнете да
се вклопат копчињата за отклучување 6.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Исчистете го уредот за вшмукување со сува, мека крпа.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières