Skil 0750 Notice Originale page 135

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
• Не поткаструвајте жива ограда кога е мокра
• Држете ги рацете и стапалата подалеку од сечивото,
особено кога ја вклучувате машината
• Никогаш не работете со машината во непосредна
близина на луѓе (особено деца) и животни
• Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
ПРЕД УПОТРЕБА
• Се препорачува практична обука пред да ја
користите машината за првпат
• Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Пред употреба, темелно проверете ја областа за
поткастрување и отстранете ги сите страни тела што
може да се заплеткаат во сечивата за косење (како
камења, клинци, жици, метални потпори за
растенијата)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
• Секогаш носете долги пантолони и ракави и цврсти
чевли кога работите со машината
• Заземете безбедно држење при работа (не посегајте
се, особено кога користите скалило)
• Држете го алатот само за изолираните
површини за зафаќање бидејќи сечивата може
да дојдат во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење и
зацрстувачите дојдат во контакт со жица под напон
може да ги електрифицираат металните делови на
алатот и да предизвикаат електричен удар на
операторот)
• Одржувајте ги сите делови на телото подалеку
од сечивата и не вадете го поткастрениот
материјал или не држете го делот за
поткастрување кога се движат сечивата;
проверете дали прекинувачот е исклучен кога
чистите заглавен материјал (момент на
невнимание при работата со машината може да
доведе до лична повреда)
• Држете го кабелот (продолжниот) подалечу од
областа за поткастрување (кабелот може да се
сокрие во грмушките во текот на работата и
сечивата да го пресечат случајно)
• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
ПО УПОТРЕБА
• Носете ја машината за рачката со застанати
сечива и при транспортирање или складирање
на машината, секогаш ставајте је заштитата за
сечивата (правилното ракување со машината ќе го
намали ризикот од можни лични повреди
предизвикани од сечивата)
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРиЈА
• Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
• Не ги допирајте контактите во полначот
• Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
• Кога ја полните батеријата, ставете го полначот на
рамна и незапалива површина и подалеку од
запалив материјал
• Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/
полначот/батеријата
• Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 40°C и
повисока од 0°C
• Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
• Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
• Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
• Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте
полначот или батеријата
• Не се обидувајте со полначот да ги полните
батериите што не се предвидени за полнење
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СиМБОЛиТЕ ЗА АЛАТОТ/
ПОЛНАЧОТ/БАТЕРиЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Не изложувајте ја машината/полначот/батеријата на
дожд
5 Предупредување! По исклучување на машината,
сечивото продолжува да се движи уште неколку
секунди
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
7 Користете го полначот само во затворен простор
8 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
9 Сигурносен изолациски трансформатор (изворот на
струја е одвоен од излезот на трансформаторот по
електричен пат)
0 Автоматско исклучување кога ќе се прегрее
полначот (термичкиот осигурувач паѓа, па полначот
станува бескорисен)
! Погрешниот поларитет на спојот на полначот може
да предизвика проблем (полнете ја батеријата само
со полначот што сте го добиле со апаратот)
@ Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
# Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
$ Технологијата NiMH обезбедува повеќе енергија
којшто помалку ја загрозува животната средина
УПОТРЕБА
• Полнење на акумулаторска батерија %
- акумулаторските батерии на новите апарати не се
потполно наполнети
135

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

F01507500750 aaF0150750aa

Table des Matières