Télécharger Imprimer la page

LG GSX960NEAZ Manuel Du Propriétaire page 727

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 435
•Не ставајте ги рацете ниту метални предмети во внатрешноста
од која излегува ладниот воздух, ниту на капакот или задната
решетка од која се ослободува топлина.
•Не применувајте прекумерна сила или притисок на задниот
капак на апаратот.
•Не ставајте живо животно во внатрешноста на производот.
Животното може да се задуши.
•Внимавајте на децата во близина кога ја отворате или
затворате вратата на апаратот. Вратата може да го удри детето
и да предизвика повреда. Не дозволувајте луѓето да се нишаат
на вратите бидејќи така може уредот да се преврти и да
предизвика сериозна повреда.
•Избегнувајте ја опасноста од затворање на деца внатре во
апаратот. Дете затворено во внатрешноста на производот може
да се задуши.
•Не ставајте тешки или кршливи предмети, садови наполнети
со течности, експлозивни супстанции или запаливи предмети
(како на пример, свеќи или светилки) на апаратот.
•Ако има протекување на гас (изобутан, пропан, природен гас
итн.), не допирајте ја ниту машината, ниту приклучокот за
струја и веднаш проветрете ја просторијата. Овој апарат, како
средство за ладење користи гас кој е навистина еколошки
(изобутан R600a). Иако користи мали количини гас, тој е сепак
запалив гас. Истекувањето гас при транспорт на апаратот,
монтажа или работење може да предизвика пожар, експлозија
или повреда ако се предизвикаат искри.
•Не користете и не чувајте запаливи или експлозивни
супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалии, LPG,
експлозивни спрејови, инсектициди, освежувачи на воздух
козметика итн.) во близина на апаратот.
•Веднаш исклучете го приклучокот од струја и стапете во
контакт со Центарот за информации за клиенти на LG
Electronics ако откриете невообичаена бучава, мирис или чад
што доаѓа од апаратот.
•Ставајте вода за пиење само во автоматот за мраз или
диспензерот за вода.
6
МК

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsj960nsbz