Bosch GCM 10 SD Professional Notice Originale page 313

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 10 SD Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
OBJ_BUCH-1128-005.book Page 313 Thursday, October 13, 2016 3:21 PM
Проверка на основните поставки и подесување
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 15 за 0°. Лостот
13 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика S1)
– Поставете го агломерот на 90° и ставете го на масата за
пилата 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 7.
Поставување: (види слика S2)
– Олабавете ја затезната рачка 14.
– Олабавете ги завртките за прилагодување 64 и 65 со
испорачениот виљушкаст клуч 42 (10 mm).
– Оабавете ги завртките за прилагодување 63 (околу 3
вртења) со испорачениот Внатрешен шестаголен клуч
33 (4 mm).
– Свртете ги завртките за прилагодување 60 (10 mm)
навнатре или нанадвор се додека кракот на агломерот
не е прецизен по целата должина со листот на пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 14.
Потоа затегнете прво завртките за прилагодување 63 и
потоа завртките за прилагодување 64 и 65.
Ако покажувачот на аголот 31 и 22 по поставката не се во
една линија со 0°-знаците на скалата 30 олабавете ги
завртките за прицврстување на покажувачот на аголот со
испорачениот кстаст одвртувач 33 и насочете ги
покажувачите на аголот долж 0°-знаците.
Поставка на стандарден агол на закосување 45°
(лево, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 15 за 0°. Лостот
13 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повлечете го левиот продолжеток на граничните
водилки 19 целосно надвор.
– Олабавете ја затезната дршка 14 и навалете ја рачката
на алатот на дршката 5 до крај налево (45°).
Проверете: (види слика T1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 7.
Bosch Power Tools
Поставување: (види слика T2)
– Свртете ги завртките за прилагодување 64 (10 mm)
навнатре или нанадвор се додека кракот на агломерот
не е прецизен по целата должина со листот на пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 14.
Ако показателот на агли 31 и 22 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 30 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(десно, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 15 за 0°. Лостот
13 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повлечете го десниот продолжеток на граничните
водилки 19 целосно надвор.
– Олабавете ја затезната рачка 14.
– Рачката на алатот навалете ја на дршката 5 од 0°-
позиција лесно кон лево и свртете го копчето 39 се
додека не се покажува опсегот на аголот на закосување
.
0 – 45°
– Рачката на алатот навалете ја на дршката 5 се до
граничникот десно (45°).
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го аголното мерило на 135° и ставете го на
масата за пилата 16.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 7.
Поставување: (види слика U2)
– Вметнете го Внатрешен шестаголен клучот 43 (3 mm)
од надвор преку малиот отвор во куќиштето и потоа во
покриената завртка за прилагодување 65.
– Свртете ја завртката за прилагодување навнатре и
нанадвор, се додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 14.
Ако показателот на агли 31 и 22 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 30 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Подесување на силата на затегнување на
затегнувачкиот лост 14 (види слика T2)
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост 14 може
дополнително да се поставува.
Проверете:
– Силата на стегата на рачката за прицврстување мора да
ја држи сигурно позицијата на рачката на алатот при
било кој вертикален агол на закосување.
Поставување:
– Олабавете ја затезната рачка 14.
– Свртете ја завртката за прилагодување 66 со
испорачениот виљушкаст клуч 42 (17 mm) спротивно
на стрелките на часовникот, за намалување на силата
на стегата или свртете ги во правец на стрелките на
часовникот, за зголемување на силата на стегата.
1 609 92A 2NT | (13.10.16)
Македонски | 313

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières