Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch AdvancedTableCut 52 Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
– Монтирајте го дополнителниот граничник (21) на
универзалниот граничник (2)(види „Монтирање на
дополнителен граничник (види слика B)",
Страница 234).
Напомена: При сечење деловите за обработка може
да се заглават меѓу универзалниот граничник и
сечилото за пила или да ги зафати и исфрли ланецот за
пилата којшто се движи нагоре.
Проверете дали дополнителниот граничник (21) е
правилно монтиран (види „Монтирање на
дополнителен граничник (види слика B)",
Страница 234).
– Подесете хоризонтален агол на закосување од 0°
(види „Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (универзален граничник) (види слика H)",
Страница 236).
– Олабавете ја завртката со нарецкана глава (19) и
поместете го универзалниот граничник (2) до
саканото растојание.
– Повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава
(19).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
– За вклучување притиснете на зеленото копче за
вклучување (13).
– За исклучување притиснете го црвеното копче за
исклучување (12).
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање
на електричниот алат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат,
одново притиснете на зеленото копче за вклучување
(13).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
листот на пилата во ниеден момент нема да ги
допре граничниците или другите делови на уредот.
Држачот на заштитниот капак мора да биде во
u
права линија со сечилото за пила, за да се избегне
заглавување на делот што се обработува.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот за обработка
мора да има секогаш прав раб за поставување на
универзалниот граничник
Bosch Power Tools
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
Позиција на корисникот (види слика J)
Не се застанувајте во една линија со сечилото за
u
пила пред електричниот алат, туку секогаш
странично од сечилото. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
сечилото за пила што работи.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– За тесни парчиња и при сечење на вертикални агли на
закосување секогаш користете ја испорачаната
водечка летва (9) и универзалниот граничник (2).
– Употреба како столна пила со лизгачка функција:
Делот за обработка држете го цврсто на граничникот.
– Употреба како столна пила:
Предметот за обработка држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
Максимални димензии на делот што се обработува
Употреба како столна пила со лизгачка функција
максимална висина на
максимална должина на
предметот за обработка
52 mm
Употреба како столна пила
вертикален агол на
максимална висина на
закосување
предметот за обработка
45°
Сечење - Употреба како столна пила со
лизгачка функција
При сечење со функција на влечење повлечете го
сечилото за пила од назад кон напред преку предметот за
обработка кој што цврсто се поддржува.
Овој начин на употреба е соодветен за:
– Должински и напречни резови
– Коси резови
– тесни делови за обработка
Прилагодување за столна пила со лизгачка функција
При употреба како столна пила со лизгачка функција
универзалниот граничник мора да се монтира во
средниот лизгачки жлеб (25) (види „Монтирање на
универзален граничник (види слика A)", Страница 234).
При употреба како столна пила со лизгачка функција
листот на пилата мора слободно да помине над вкупната
должина на сечењето.
– Притиснете ја блокадата (11) кон десно за
олабавување на влечната прачка.
Сечење со функција на влечење (види слика K)
– На универзалниот граничник (2) подесете го саканиот
хоризонтален агол на закосување (види „Подесување
на хоризонталниот агол на закосување (универзален
граничник) (види слика H)", Страница 236).
Напомена: За да се избегне завртување или
Македонски | 237
сечењето
220 mm
52 mm
35 mm
1 609 92A 3LB | (08.01.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières