состојба, и сите други услови кои би можеле
да влијаат врз работата со електричниот алат.
Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка
пред повторната употреба. Многу несреќи биле
предизвикани од лошо одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во согласност со овие упатства,
земајќи ги предвид работните услови и работата
што треба да се заврши. Употребата на
електричниот алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
СЕРВИС
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови. На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО
!
СОДРЖАТ АЗБЕСТ (азбестот се смета за
канцероген)
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ
!
НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е
ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ
ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за
канцерогени); носете заштитна маска против прашина
и користете правосмукалка за отпадоци, ако може да
се приклучи
СПЕЦИФИКАЦИИ
Број на моделот . . . . . . 290
Напон . . . . . . . . . . . . . . . 230 V/50-60 Hz
Број на вртежи без оптоварување 6.000/min
Тежина . . . . . . . . . . . . . . 0,2 kg
Користете потполно одмотани и сигурни
продолжени кабли со капацитет од 5 ампера.
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот
што е наведен на плочката од алатот.
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
За да можете да го користите граверот, прво морате
да го инсталирате врвот за гравирање. За да можете
исправно да го инсталирате врвот за гравирање,
разлабавете го врвот за гравирање што е сместен на
држачот од врвот за гравирање
за гравирање во држачот на врвот и цврсто стегнете
го шрафот за подесување. Важно е да се уверите
дали шрафот за подесување цврсто го држи врвот за
гравирање на местото. За да го отстраните изабениот
врв за гравирање, олабавете го шрафот за гравирање и
отстранете го врвот за гравирање
за гравирање можете да нарачате кај овластениот
застапник на фирмата Dremel.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
За да го користите граверот, вклучете го во положба
„ON" така што ќе го свртите прекинувачот за
вклучување/ исклучување (ON/OFF) кој се наоѓа на
5
крајот од алатот
.
4
. Поставете го врвот
4
. Резервни врвови
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Држете го граверот под мал агол како што обично
држите пенкало. Лесно држете го алатот додека
раката удобно ја потпирате на масата. Во текот на
гравирањето немојте силно да го притискате алатот.
Врвот за гравирање лесно водете го по предметот на
којшто работите, малку побавно отколку кога инаку
пишувате со пенкало.
ДЛАБОЧИНА НА ГРАВИРАЊЕ
Копчето за подесување откај куќиштето на граверот ја
контролира должината на ôдот, а со тоа и длабочината
на гравурата
6
. Тоа не е наменето да се користи
како копче за исклучување „OFF". Најдобро е да се
избере најниско подесување кое ќе произведе доволно
длабока гравура која одговара на Вашите потреби. За
да се запознаете со работата на алатката, вежбајте да
работите со различни подесувања на отпаден материјал.
НАПОМЕНА: Во случај на подолга употреба,
позитивниот индикатор на блокадата кој е поврзан
со копчето за контрола на длабочина ќе почне да се
троши и ќе биде помалку забелeжлив. Ова е очекувана
појава и не укажува на неисправно функционирање на
граверот.
НАПОМЕНА: Врвот на граверот со кој е опремен
Вашиот гравер, направен е од карбиден челик.
Немојте да вршите гравирање на електронски
медиуми, како што се CD-а, DVD-а итн. Гравирањето
на овие материјали може да ги уништи медиумите.
СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати
да се врши во сервисите на Dremel.
Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со
одредбите пропишани со закон/специфични за земјата;
оштетувањата поради нормалното користење и абење,
преоптоварување или непрописно користење се
изземени од гаранцијата.
Во случај на рекламација, алатот и/или полначот
испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена
состојба, заедно со доказот за купување.
КОНТАКТ СО DREMEL
За повеќе информации во врска со сервисирањето и
гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка
и телефонски број посетете нè на www.dremel.com.
БУЧАВОСТ И ВИБРАЦИИ
Ниво на звучен притисок (стандардно
отстапување 3dB) dB(A)
Ниво на звучна моќност (стандардно
отстапување 3dB) dB(A)
Вибрации (троосен векторски збир) m/s
Непредвидливост на вибрации K m/s
НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност
на вибрациите е измерена во согласност со
стандардниот метод на тестирање и може да се
користи за споредување на еден алат со друг. Исто
така може да се користи и во прелиминарната
проценка на изложеност.
Емисијата на вибрации за време на стварната употреба
на електричниот алат може да се разликува од
наведената вкупна вредност, во зависност од начинот
на кој го користите алатот.
54
86,0
97,0
7,7
2
1,5
2