Bosch GBM 10 RE Professional Notice Originale page 106

Masquer les pouces Voir aussi pour GBM 10 RE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
106 | Македонски
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Промена на алат
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика A)
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) во правец на вртење ➊, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) цврсто со рака во правец на вртење
➋ додека не се слушне кликнување. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја
свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Алати за навртување (види слика B)
При користење на битови за одвртувачот (9) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (10).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
Менување на главата за дупчење
Кај електричните апарати без заклучување на вретеното
за дупчење, главата за дупчење мора да биде заменета
од страна на овластена сервисна служба за електрични
алати од Bosch.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 31–35 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
1 609 92A 59H | (01.10.2019)
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (7) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (7) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за
фиксирање (5).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (5),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и потоа отпуштете го.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières