Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При силно оптоварување или при
напуштање на темпратурниот опсег електричниот алат се
исклучува и LED светилката на електричниот алат трепка.
Оставете електричниот алат да се олади, пред да
продолжите со работа.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Совети при работењето
Прекинувачот за менување брзини притиснете го
u
до крај, односно прекинувачот за избор на начин на
работа свртете го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
За да го извадите битот за одвртувачот или
универзалниот држач за битови, може да користите
помошен алат.
Работа во околина со премногу прашина може да
u
доведе до прекинување на работата на
електричниот алат. Доколку електричниот алат
прекине со работа, извадете ги карбонските четки
и проверете ги (види дел „Замена на карбонски
четки").
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Замена на карбонските четки (види слика C)
Проверувајте ја должината на карбонските четки на
секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги.
Никогаш не менувајте само една карбонска четка!
Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch,
кои се наменети за производот.
– Олабавете ги капачињата (6) со соодветен одвртувач.
Bosch Power Tools
– Заменете ги карбонските четки (14) што се под
притисок на пружината и повторно навртете ги
капачињата.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се
во овластената сервисна служба за Bosch електрични
алати.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Македонски | 163
1 609 92A 4SZ | (26.11.2019)