Употреба Со Соодветна Намена - Bosch GWS Professional 22-180 H Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS Professional 22-180 H:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
OBJ_BUCH-777-009.book Page 217 Monday, August 5, 2013 11:15 AM
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за блокирање на вретеното
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
4 Вретено за брусење
5 Заштитна хауба за брусење
6 Шраф за фиксирање на заштитната хауба
7 Приклучна прирабница со O-прстен
8 Брусна плоча*
9 Стезна навртка
10 Клуч со два отвори за затезната навртка*
Bosch Power Tools
11 Брзозатезна навртка
12 Лончеста плоча од цврст метал*
13 Заштитна хауба за сечење*
14 Брусна плоча за сечење*
15 Заштитна хауба за брусниот лонец*
16 Брусен лонец*
17 Свиткан клуч со два отвори за брусниот лонец*
18 Заштита за дланките*
19 Дистанцери*
20 Гумен брусен диск*
21 Лист за брусење*
22 Тркалезна навртка*
23 Лончеста четка*
24 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка *
25 Дијамантска брусна плоча за сечење*
26 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 93 dB(A); ниво на звучна јачина
104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Брусење на површини (грубо брусење): a
2
K=1,5 m/s
,
Брусење со брусен лист: a
=4,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на оптеретувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации,
треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е
исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во
употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината
на дланките, организирајте го текот на работата.
Македонски | 217
*
(векторски збор на
h
2
=7,5 m/s
,
h
2
2
, K=1,5 m/s
.
1 609 92A 0B8 | (5.8.13)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières