Bosch GTS 10 J Professional Notice Originale page 343

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 J Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 45
граничник или граничник. Сечење со слободна рака
води до погрешно насочување, замотување и
одбивање.
Никогаш не се посегнувајте околу или преку сечило
u
кое работи. Посегнувањето по делот што се
обработува може да доведе до случаен контакт со
сечило кое ротира.
Обезбедете помошен држач за делот што се
u
обработува на задниот, и/или страничниот дел на
работната површина за порамнување на долги и/
или широки делови. Долг и/или широк дел што се
обработува може да се навали на работ на работната
површина и да предизвика губење контрола, виткање
и одбивање на сечилото.
Ослободете го делот што се обработува со
u
рамномерна брзина. Не го виткајте делот што се
обработува. Во случај на заглавување, веднаш
исклучете го алатот, исклучете го електричниот
приклучок и отстранете ја пречката. Заглавувањето
на сечилото во делот што се обработува може да
предизвика одбивање или откажување на моторот.
Не ги отстранувајте отсечените парчиња додека
u
работи пилата. Материјалот може да се заглави
помеѓу паралелниот граничник или во граничникот на
сечилото и вашите прсти може да влезат во сечилото.
Исклучете ја пилата и почекајте додека сечилото да
застане пред да го отстраните материјалот.
Користете помошен граничник во контакт со
u
работната површина при расцепување на делот што
се обработува ако е потенок од 2 mm. Тенок тел што
се обработува може да се вклешти под паралелниот
граничник и да предизвика одбивање.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на делот што се
обработува заради приклештено, заглавено сечило или
нерамномерно сечење на делот што се обработува во
однос на сечилото или кога парче од делот што се
обработува ќе се најде помеѓу сечилото и паралелниот
граничник или друг фиксен предмет.
Најчесто во текот на одбивањето, делот што се
обработува се подига од работната површина со задниот
дел од сечилото и се насочува кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни
мерки наведени подолу.
Никогаш не стојте директно во линија со сечилото.
u
Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со
сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето
може да го насочи делот што се обработува во близина
на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
Никогаш не пристапувајте преку или зад сечилото
u
за да го повлечете или поддржите делот што се
обработува. Може да дојде до случаен контакт со
сечилото или одбивањето може да ги повлече вашите
прсти во сечилото.
Bosch Power Tools
Никогаш не го држете или притискајте делот што се
u
сече на сечило кое ротира. Притискањето на делот
што се сече на сечилото ќе предизвика услови за
виткање и одбивање.
Израмнете го граничникот со сечилото. Ако
u
граничникот не е израмнет, делот што се обработува
ќе се заглави на сечилото и ќе се одбие.
Користете плоча со засеци за насочување на делот
u
што се обработува на работната површина, и
граничник кога правите кратки засеци, како на пр.
за жлебови. Плочата со засеци помага за контрола на
делот што се обработува во случај на одбивање.
Потпрете ги големите делови што се обработуваат
u
за да го намалите ризикот од приклештување или
одбивање на сечилото. Големите делови што ги
обработувате се искривуваат под својата тежина.
Држачот(е) мора да бидат поставени под деловите на
панел плочата кои се издадени надвор од работната
површина.
Обрнете дополнително внимание при сечење на
u
делот што се обработува ако е извиткан, има
чворови, ако е деформиран или нема прави рабови
за насочување со паралелен граничник или покрај
граничникот. Дел што се обработува со чворови, кој е
деформиран или извиткан не е стабилен и
предизвикува нерамномерност на засекот со
сечилото, виткање или одбивање.
Никогаш не сечете повеќе парчиња за
u
обработување, вертикално или хоризонтално
поставени. Сечилото на пилата може да собере едно
или повеќе парчиња и да предизвика одбивање.
При повторно стартување на пилата чиешто сечило
u
се наоѓа во делот што се обработува, центрирајте го
сечилото во засекот, така да запците на сечилото не
се навлезени во материјалот. Доколку сечилото се
витка, може да отскокне од делот што се обработува и
да предизвика одбивање кога се рестартира пилата.
Сечилата одржувајте ги чисти, остри и во добра
u
состојба. Никогаш не користете искривени сечила,
или сечила со пукнати или скршени запци. Остри и
правилно поставени сечила го намалуваат виткањето,
откажувањето или одбивањето.
Предупредувања во врска со работата на столната
пила
Исклучете ја столната пила и извадете го кабелот
u
од струја при вадење на влошката од работната
површина, промена на сечилото или, при
прилагодување на ножот за раздвојување или
граничникот на сечилото и кога машината е
оставена без придружба. Со мерките на
претпазливост ќе се избегнат несреќи.
Никогаш не ја оставајте столната пила да работи
u
без придружба. Исклучете го и не го оставајте
алатот додека целосно не прекине со работа. Пила
која работи без придружба е неконтролирана
опасност.
Македонски | 343
1 609 92A 5C2 | (26.07.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières