OBJ_BUCH-2962-001.book Page 144 Tuesday, October 11, 2016 11:20 AM
144 | Македонски
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од
производителите. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само
на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски
ограничено осветлување во сув внатрешен и надворешен простор и не е погодна
за вообичаено осветлување на простории.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
батериската светилка на графичката страница.
1 Глава на светилката
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Куки за закачување
4 Копче за отклучување на батеријата*
5 Батерија*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
1 609 92A 39F | (11.10.16)
Bosch Power Tools