Bosch GKS 10,8 V-LI Professional Notice Originale page 186

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 10,8 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-2006-002.book Page 186 Tuesday, February 10, 2015 10:13 AM
186 | Македонски
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Батерија
2 Копче за отклучување на батеријата
3 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Инбус клуч
6 Копче за блокирање на вретеното
7 Основна плоча
1 609 92A 14P | (10.2.15)
8 Шраф за прицврстување на паралелниот граничник
9 Скала на закосени агли
10 Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на
косо сечење
11 Ознака на резот 45°
12 Ознака на резот 0°
13 Заштитна хауба
14 Рачка (изолирана површина на дршката)
15 Приказ за наполнетоста на батеријата
16 Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
17 Пеперутка-завртка за претходно бирање на
длабочината на резот
18 Скала за подесување на длабочината на сечење
19 Лост за подесување на заштитната хауба со повратен
механизам
20 Вретено на пилата
21 Заштитна хауба со повратен механизам
22 Приклучна прирабница
23 Лист за кружната пила
24 Стезна прирабница
25 Затезен шраф
26 Лампа „PowerLight"
27 Референтна ознака за подесување на аголот на косо
сечење
28 Шраф за прицврстување на адаптерот за
вшмукување
29 Адаптер за вшмукување*
30 Црево за вшмукување*
31 Референтна ознака за подесување на длабочината на
резот
32 Паралелен граничник/адаптер за водечките шини*
33 Пар стеги за шрафот*
34 Шина водилка*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рачна кружна пила
Број на дел/артикл
Номинален напон
Број на празни вртежи
макс. длабочина на резот
– при агол на косо сечење 0°
– при агол на косо сечење 45°
Блокада за вретеното
Димензии на основната плоча
макс. дијаметар на листовите за
пилата
мин. дијаметар на листовите за
пилата
* ограничена јачина при температури <0 °C
GKS 10,8 V-LI
3 601 FA1 0..
волти=
10,8
-1
min
1400
мм
26,5
мм
17,0
мм
167 x 88
мм
85
мм
85
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières