Bosch Professional GBM 1600 RE Notice Originale page 117

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GBM 1600 RE:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2420-003.book Page 117 Wednesday, July 27, 2016 1:18 PM
 Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за дупчалки
 Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
Bosch Power Tools
 Држете го уредот за изолираните површини на
дршката, доколку извршувате работи, каде
електричниот апарат може да наиде на скриени
струјни кабли или на сопствениот мрежен кабел.
Контактот со кабли кои спроведуваат напон може да ги
стави металните делови на уредот под напон и да
доведе до електричен удар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Дополнителни сигурносни напомени
 Не обработувајте експлозивни материјали (на пр.
лесно запаливи средства со раствор). Електричните
апарати создаваат искри, што може да ја запалат
настанатата пареа.
 Веднаш извлечете го струјниот приклучок и
оставете го електричниот апарат во сервисната
служба на проверка, доколку ви падне во смесата.
Доколку смесата навлезе во електричниот апарат може
да предизвика штети и да доведе до електричен удар.
 Не го користете уредот за мешање на прехранбени
производи. Нашите електрични апарати и опрема не се
наменети за преработка на прехранбени производи.
 Држете го кабелот подалеку од работното поле.
Корпата за мешање може да го фати кабелот.
 Садот за мешање мора да биде наменет за мешање
и стабилно да стои. Неправилно прицврстениот сад
може неконтролирано да се движи.
 Проверете дали прска течност на куќиштето на
електричниот уред. Доколку навлезе течност во
Македонски | 117
1 609 92A 2GV | (27.7.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières