194 | Македонски
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Доколку по притискањето на копчето (31) не свети LED
светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на сечилото за кружната
пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат извадете ја батеријата.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се
u
вметнува мора да биде најмалку исто толку висок
како највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
Во никој случај не користете дискови за брусење
u
како алат за вметнување.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (14) и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното (14)
u
активирајте го само доколку вретеното на пилата е
во состојба на мирување. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (16) одвртете
ја затезната завртка (22) во правец на вртење ➊.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(7) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (21) и сечилото за
пилата (20) од вретеното на пилата (18).
Монтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (20) и сите стезни
делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(7) и држете го цврсто.
1 609 92A 4LJ | (20.12.2018)
– Поставете го сечилото за пила (20) на приклучната
Капацитет
прирабница (19). Правецот на сечење на запците
≥ 66 %
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
≥ 33 %
одговара на стрелката за правец на вртење на
<33 %
заштитниот капак (7).
– Поставете ја стезната прирабница (21) и затегнете ја
Резерва
затезната завртка (22) во правец на вртење ➋.
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (19) и стезната прирабница
(21).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (14) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (16) затегнете
ја стезната завртка (22) во правец на вртење ➋.
Затегнувачкиот момент треба да изнесува 6–9 Nm, тоа
одговара на околу ¼ вртење со рака или 3 цртички на
ознаката (23) на заштитниот капак (4).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– За да постигнете висок степен на всисување на прав,
користете го всисувачот GAS 25/GAS 50/ GAS 50 M за
дрво или GAS 50 MS за дрво и/или минерална прав
заедно со овој електричен алат.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптер за всисување (види слика B)
Прицврстете го адаптерот за всисување (26) со завртката
за прицврстување (25) на основната плоча (6).
На адаптерот за всисување (26) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm.
Адаптерот за всисување не смее да се монтира без
u
приклучено надворешно всисување. Инаку каналот
за всисување може да се запуши.
На адаптерот за всисување не смее да се
u
приклучува ќеса за прав. Инаку системот за
всисување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (26) мора редовно да се чисти.
Bosch Power Tools