94 | Македонски
Работа
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави I.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Фиксирање/отпуштање на матрицата
За прави резови затегнете ја завртката за затворање (3)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (ширина на
клучот 2,5 mm) за да ја фиксирате матрицата (4).
Олабавете ja завртката за затворање (3) за криви резови.
Сега матрицата (4) слободно се движи и се поставува во
правец на силата на движење нанапред.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Носете заштитни ракавици за време на работата и
u
особено внимавајте на струјниот кабел. На
исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои
може да се повредите или да го оштетите струјниот
кабел.
Внимавајте на струготините настанати од сечењето.
u
Струготините имаат остри врвови, на кои може да се
повредите.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува. Секогаш држете
го електричниот апарат вертикално на површината на
лимот и не го навалувајте.
Сечењето се врши за време на кревањето на
втиснувачот. Водете го електричниот апарат рамномерно
со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната
брзина значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Доколку втиснувачот се заглави за време на сечењето,
исклучете го електричниот апарат, подмачкајте го
втиснувачот и отпуштете го лимот. Не употребувајте сила,
бидејќи втиснувачот и матрицата би можеле да се
оштетат.
1 609 92A 504 | (21.06.2019)
Максимална дебелина на лимот за сечење
Максималната дебелина на лимот за сечење d
од цврстината на материјалот кој се сече.
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со
следната дебелина:
Материјал
макс. цврстина
(N/mm
Челик
400
600
800
Алуминиум
200
Подмачкување/ладење на втиснувачот
За да го продолжите животниот век на втиснувачот (5)
треба да користите средство за подмачкување со добра
функција на ладење (на пр. масло за сечење).
Нанесете еден слој од средството за подмачкување на
горната страна на лимот по должина на планираната
линија на сечење.
При подолго работење или работа со зголемено триење
(на пр. сечење алуминиум) треба редовно да го
потопувате алатот за вметнување во сад со средство за
подмачкување.
Сечење според вцртана линија или со шаблон
Правите резови може полесно да се изведат, доколку го
водите електричниот апарат по должина на линијар.
Контурите може да се исечат со водење на електричниот
апарат по должина на шаблонот.
За внатрешни резови потребен е отвор со дијаметар од
16 mm.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги
втиснувачот (5) и матрицата (4).
Доколку се истрошени втиснувачот и матрицата, навреме
заменете ги, бидејќи квалитетно сечење може да се
постигне само со остри алати и со нега на електричниот
апарат.
Втиснувачот (5) и матрицата (4) не смеат да се острат
дополнително.
зависи
max
d
max
2
)
(mm)
2,0
1,4
1,0
2,5
Bosch Power Tools