Bosch GIM Professional 60 Notice Originale page 131

Masquer les pouces Voir aussi pour GIM Professional 60:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната
оска, така што либелата и понатаму ќе покажува
надолу, а екранот (5) сепак ќе биде свртен на
страната кон вас. Почекајте 10 s.
Потоа одново притиснете го копчето за калибрација
Cal (10). На екранот кратко ќе се прикаже CAL2.
Потоа се појавува измерената вредност (не трепка
повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е одново
калибриран за двете површини на налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската
којашто е прикажана на сликите при чекорите ➂ и ➆,
калибрацијата не може да се заврши (CAL2 не се појавува на
екранот).
Калибрација на вертикални површини за налегнување
(види слика D)
Површината на којашто го налегнувате мерниот уред, не
смее да отстапува повеќе од 5° од вертикалата. Доколку
отстапувањето е поголемо, калибрирањето ќе се прекине со
приказот ---.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на
хоризонтална површина во таква положба, либелата
за ветикално израмнување (6) покажува нагоре и
екранот (5) да биде насочен кон Вас. Почекајте 10 s.
Потоа притиснете го копчето за калибрација за околу
2 s Cal (10), додека кратко CAL1 ќе се појави на
екранот. Потоа измерената вредност трепка на
екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната
оска, така што либелата и понатаму ќе покажува
нагоре, а екранот (5) сепак ќе биде свртен на
страната кон вас. Почекајте 10 s.
Потоа одново притиснете го копчето за калибрација
Cal (10). На екранот кратко ќе се прикаже CAL2.
Потоа се појавува измерената вредност (не трепка
повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е одново
калибриран за оваа површина на налегнување.
Потоа мора да го калибрирате мерниот уред за
спротивната површина на налегнување. За тоа вртете
го мерниот уред по хоризонталната оска, либелата за
вертикално израмнување (6) да биде на долната
страна и екранот (5) покажува кон Вас. Поставете го
мерниот уред на вертикална површина. Почекајте
10 s.
Потоа притиснете го копчето за калибрација за околу
2 s Cal (10), додека кратко CAL1 ќе се појави на
екранот. Потоа измерената вредност трепка на
екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната
оска, така што либелата и понатаму ќе покажува
надолу, а екранот (5) сепак ќе биде свртен на
страната кон вас. Почекајте 10 s.
Потоа одново притиснете го копчето за калибрација
Cal (10). На екранот кратко ќе се прикаже CAL2.
Потоа се појавува измерената вредност (не трепка
повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е одново
калибриран за вертикална површина на налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската
којашто е прикажана на сликите при чекорите ➂ и ➆,
калибрацијата не може да се заврши (CAL2 не се појавува на
екранот).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Доколку мерниот уред е изложен на дожд подолг период,
може да се појават пречки при неговото функционирање.
Откако целосно ќе се исуши, мерниот уред е повторно
неограничено подготвен за примена. Не е потребно
калибрирање.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
заштитната чанта (12).
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во
заштитната чанта (12).
Bosch Power Tools
Македонски | 131
1 609 92A 58M | (28.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gim professional 120

Table des Matières