Bosch GBH 2-21 Professional Notice Originale page 146

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
146 | Македонски
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувач за прав со GDE 16 Plus/GDE 68
(опрема)
За всисувачот за прав потребно е GDE 16 Plus (опрема)
или GDE 68 (опрема).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Капаче за собирање на прав (опрема)
За лесно собирање на прав без вшмукување потребно е
капаче за собирање на прав.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (9) и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи (10) во саканата
позиција додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
1 609 92A 5SR | (20.08.2020)
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи (10)не се
вклопува.
Позиција за Длетување
Подесување на правецот на вртење (види слика H)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (6) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
– Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (6) налево до крај.
– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
и навртки притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење (6) кон десно до крај.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
– За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за
фиксирање (7).
– За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8). При
фиксиран прекинувач за вклучување/
исклучување (8), најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
– Регулирајте го бројот на вртежи/удари на вклучениот
електричен алат бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières