Општи податоци за епилацијата
Сите методи за отстранување на влакна од
нивниот корен водат до иритација (на пр.
чешање, непријатно чувство и црвенило) во
зависност од состојбата на кожата и влакната.
Тоа е нормална реакција и треба брзо да
исчезне, но може да е поизразена кога за прв
пат отстранувате влакна од корен или ако
имате осетлива кожа. Доколку, и по 36 часа
кожата сè уште е иритирана, Ви препорачу-
ваме да се посоветувате со доктор. Најчесто,
реакцијата на кожата и чувството на болка
значително се намалуваат со зачестената
употреба на Silk·épil.
Во некои случаи воспалението на кожата може
да се појави кога некоја бактерија ќе пробие
низ кожата (на пр. кога поминувате со апаратот
по кожата). Темелното чистење на додатокот
за епилација пред секоја употреба значително
ќе го намали ризикот од инфекција.
Доколку се двоумите околу употребата на
апаратот, Ве молиме да се посоветувате со
Вашиот доктор. Во следниве случаи апаратот
треба да се користи само по советување со
доктор: егзема, рани, воспалителни реакции
на кожата како фоликулитис (загноени кожни
фоликули) и попуштени вени, околу бенки,
намален имунитет на кожата, на пр. дијабет,
мелитус, за време на бременост, болеста
Рајнодс, хемофилија, кандида и недостаток на
имунитет.
II Ексфолијација
Совети за ексфолијација
Четката за ексфолијација (10a) е направена за
употреба по целото тело, особено за нозете,
рацете и деколтето. Не треба да се користи на
лицето. Нежното четкање со повеќе од 3000
микро вибрации на минута, ефективно ги
32
отстранува сувите кожни клетки за видливо
поубав изглед на кожата.
Четката за ексфолијација може да ја користите
еднаш седмично на сува или влажна кожа
додека се туширате.
Меѓутоа, доколку ја користите во када не ја
потопувајте во вода бидејќи тоа ќе ги намали
резултатите од ексфолијацијата.
Употребата на четката на влажна кожа обезбе-
дува 4 пати подобра ексфолијација од рачното
нанесување на производи за козметичка
ексфолијација.
За најдобри резултати, пријатно чувство и
удобност, Ви препорачуваме да го користите
производот на влажна кожа со крема за
пилинг или гел за туширање по ваш избор.
Ексфолијација
Поставете ја четката за ексфолијација (10a) на
адаптерот за четка (10).
Поставете го адаптерот за четка на апаратот.
A Изберете ја брзината «I» за областите со
осетлива кожа, а брзината «II» за нормална
кожа.
B Бавно движете ја четката за ексфолијација
во кружни движења по кожата за да стане
нежна. Избегнувајте да ја држите четката
подолго време на едно место. Не ја користете
четката за ексфолијација на лицето.
Редовната употреба на четката за ексфолија-
ција (на пр. еднаш седмично) помага во
намалувањето на ризикот од поткожни
влакна: мртвите кожни клетки се отстрану-
ваат на таков начин што новите влакна
лесно може да пробијат на површината од
кожата. Ви препорачуваме да правите
ексфолијација најмалку 1-2 дена пред
епилацијата.
C Чистење на четката за ексфолијација
По употреба, исплакнете ја четката под
чешма.
Ако е потребно, за темелно чистење може
да користите течен сапун.
Истресете го вишокот вода од четката и
оставете ја да се исуши.
Ставете го заштитниот капак (10b) пред
складирање на четката.
D Замена на четката за ексфолијација
Кога се употребува седмично, Ви препорачу-
ваме четката да ја замените (10a) по 12 месе-
ци. Четките (реф. бр. 79 Spa) може да ги
најдете на продажните места и сервисните
центри Braun или преку www.service.braun.
com.
III Бричење
Со поставување на главата за бричење (11),
користете го апаратот само на сува кожа.
Бричење
• Поставете ја главата за бричење.
• Погрижете се избирачот за потстригување/
бричење (e) да биде на позицијата « ».
• Изберете ја брзината «II».
За најдобар резултат, секогаш погрижете се
фолијата за бричење (b) и потстригувачот (c)
да се во допир со кожата (А). Истегнувајќи ја
кожата (B) бавно движете го апаратот во
насока спротивна на растењето на влакната.
Потстрижувачот прво ги издига сите долги
влакна и потоа ги потсрижува. Потоа доаѓа
флексибилната фолија за потполно да ги
израмни влакната. За бричење или потстрижу-
вање на осетливи места кожата треба секогаш
да е истегната за да се избегнат повреди.