– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (10) и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното (10)
u
активирајте го само доколку вретеното на пилата е
во состојба на мирување. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (31) одвртете
ја затезната завртка (29) во правец на вртење ➊.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(12) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (28) и сечилото за
пилата (27) од вретеното на пилата (25).
Монтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (27) и сите стезни
делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(12) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (27) на приклучната
прирабница (26). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
осцилаторниот заштитен капак (12).
– Поставете ја стезната прирабница (28) и затегнете ја
затезната завртка (29) во правец на вртење ➋.
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (26) и стезната прирабница
(28).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (10) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (31) затегнете
ја стезната завртка (29) во правец на вртење ➋.
Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што
одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Bosch Power Tools
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Исфрлувач на струготини (види слика B)
Исфрлувачот на струготини (18) слободно се врти.
На исфрлувачот на струготини (18) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm или кутија за
прав/струготини (32).
Заради обезбедување на оптимално всисување,
исфрлувачот на струготини (18) мора редовно да се
чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (42) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види
слики D–E)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
GKS 18V-68 GC
Со копчето за претходен избор на длабочината на резот
(22) може да се подеси длабочината на резот.
GKS 18V-68 C
Со рачката за претходен избор на длабочината на резот
(23) може да се подеси длабочината на резот.
За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од
основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја
пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија
подесете ја на скалата за длабочина на сечење (17).
Македонски | 265
1 609 92A 5FB | (24.02.2020)