Bosch D-tect 150 Professional Notice Originale page 166

Masquer les pouces Voir aussi pour D-tect 150 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-844-008.book Page 166 Wednesday, March 16, 2016 4:54 PM
166 | Македонски
безбеден контакт со ѕидот. Се препознаваат објекти,
коишто се разликуваат од материјалот на ѕидот. На
екранот се прикажуваат дозволената длабочина на
дупчење и доколку е можно, материјалот на објектот.
Се цели кон оптимални резултати, ако мерната линија
изнесува минимум 40 cm и мерниот уред лесно се движи
по целото место што треба да се истражи. Сигурно се
наоѓаат функционалните горни рабови на објекти, коишто
поминуваат попречно на правецот на движење на
мерниот уред.
Затоа секогаш поминувајте вкрстено над полето што
треба да се истражи.
Ако над еден ѕид се наоѓаат повеќе објекти, на екранот ќе
се прикаже објектот, чија површина е најблиску.
Претставувањето на особините на пронајдените објекти
на екранот 16 може да се разликува од фактичките
особини на објектите. Особено многу тенките објекти се
претставуваат на екранот како подебели. Поголемите,
цилиндрични објекти (на пр. пластични или водоводни
цевки) може на екранот да изгледаат потесни, отколку што
навистина се.
Забележливи објекти
– Пластични цевки (на пр. водоводни пластични цевки,
како подно и ѕидно греење итн., со дијаметар од
најмалку 10 mm, празни цевки дијаметар од најмалку
20 mm)
– Електрични кабли (независно од тоа, дали се под напон
или не)
– Трофазни струјни кабли (на пр. до рерната)
– Струјни кабли со мал напон (на пр. ѕвоно, телефон)
– Метални цевки, прачки, носачи од секаков вид (на пр.
челик, бакар, алуминиум)
– Арматура
– Дрвени греди
– Шуплини
Можно е мерење
– Во ѕидни конструкции (цигли, порбетон, гасбетон,
пемза, песок-варовник)
– Во бетон/армиран бетон
– Во лесни ѕидови
– Под површини како гипс, плочки, тапети, паркет, тепих
– Зад дрво, гипс картон
Посебни мерни случаи
Неповолните услови може суштински да влијаат врз
мерниот резултат:
– Повеќеслојни ѕидни конструкции
– Празни пластични цевки и дрвени греди во шуплини и
лесни ѕидови
– Објекти, коишто се косо поставени во ѕидот
– Метални површини и влажни делови; тие може под
одредени услови (на пр. при голема содржина на вода)
да се прикажат како објекти во ѕид.
Ве молиме да внимавате на тоа, дека на бетонот му се
потребни повеќе месеци за целосно да се исуши.
– Шуплини во ѕид; тие може да се прикажат како објект.
– Близу до уреди, коишто произведуваат силни магнетни
или електромагнетни полиња, на пр. базни станици на
мобилните оператори или генератори.
1 609 92A 27D | (16.3.16)
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Вклучување/исклучување
 Пред вклучување на мерниот уред, проверете, дали
полето на сензорот 9 е влажно. Доколку е влажно,
исушете го мерниот уред со крпа.
 Доколку мерниот уред бил изложен на големи
температурни разлики, оставете го да се прилагоди
на температурата пред да го вклучите.
Вклучување
– За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување-исклучување 15 или на копчето за старт
11.
– LED-светилките 17 светат зелено и се појавува
стартниот екран за 4 s на екранот 16.
– Ако со мерниот уред ниту правите мерење, ниту
притиснете некое копче, тогаш тој по 5 min повторно
автоматски се исклучува. Во менито „Поставки" можете
да го промените ова „Време за исклучување" (види
„Време на исклучување", страна 168).
Исклучување
– За исклучување на мерниот уред притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 15.
– При исклучување на мерниот уред остануваат
содржани сите избрани поставки во менијата.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето Сигнален тон 13 можете да го вклучите и
исклучите звучниот сигнал. Во менито „Поставки" можете
во подменито „Звучни сигнали" да го изберете видот на
сигнали (види „Сигнални тонови", страна 168).
Процес на мерење
Вклучете го мерниот уред. На екранот 16 се појавува
„Стандарден приказен екран".
Move
Sensor
0 cm
2
4
6
Prev
Universal mode
Поставете го мерниот уред на ѕидот и движете го по
правецот (види „Функционалност (види слика B)",
страна 165) по ѕидот. Мерните резултати се прикажуваат
по минимална мерна линија од 10 cm на екранот 16. За да
се добијат точни мерни резултати, движете го мерниот
уред целосно и полека над претпоставениот објект во
ѕидот.
0 cm
2
4
6
Next
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières