OBJ_BUCH-2376-002.book Page 148 Thursday, October 20, 2016 11:53 AM
148 | Македонски
уредот ако кабелот е оштетен или
сплеткан.
Ако кабелот е оштетен, мора да
биде заменет од страна на
произведувачот, неговиот
овластен сервисер или подеднакво
квалификуван сервис, со цел да се
избегне незгода.
Пред употреба прегледајте да ли
уредот има очигледни недостатоци.
Ваквата проверка треба да се врши
и ако уредот падне или претрпи
некакво значително влијание.
За подобра безбедност
користете резидуален уред
(РЦД) кој се активира на
отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Отворите за вентилација мора да
бидат чисти.
Прочитајте ги и упатствата и
безбедносните напомени за
машината.
Ракување
Пред употреба заменете ја
навртката и завртката на рачката
со новите приложени завртка и
блокада за повратни удари.
(види слики 5–6)
За склопување на уредот следете
ги упатствата, а за расклопување
одете по обратен редослед.
Пред употреба отстранете ја
заштитата од сечилото.
Не употребувајте го уредот за
поткастрување живи огради.
Никогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени со
F 016 L81 371 | (20.10.16)
овие инструкции да ја користат
косачката. Локалните прописи
можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте ја косачката вон
дофат на деца кога не ја
употребувате.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Никогаш не употребувајте го
уредот во близина на лица, а
посебно деца и животни.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Не користете ја косачката боси или
со отворени сандали. Носете крути
обувки и долги пантолони.
Детално прегледајте го теренот
каде што ќе ја користите косачката
и отстранете ги сите камења,
стапови, жици, коски и други
предмети.
Не користете го уредот во градини
кадешто минуваат напојни кабли.
Пред секоја употреба проверете да
не е сечилото тапо или оштетено.
Ако сечилата или навртките се
оштетени, заменете го целиот
комплет, за да одржите рамнотежа.
Работете само по дневна светлина
или по квалитетно осветлување.
Bosch Power Tools