OBJ_BUCH-2376-002.book Page 150 Thursday, October 20, 2016 11:53 AM
150 | Македонски
појава на болеста Бели прсти
(Рејноов феномен) или Синдром на
карпален тунел.
Овие состојби го оштетуваат
сетилото за допир и
терморегулацијата на дланките,
предизвикуваат чувство на трнење
и горење, како и нервни или
циркуларни оштетувања и некроза
на ткивото.
Ако имате симптоми на преголема
изложеност на вибрации, обратете
се кај лекар. Овие симптоми
вклучуваат трнење, губење на
сетилото за допир, вкочанетост,
пецкање, боцкање, болка, загуба
на сила, промени на бојата или
состојбата на кожата. Овие
симптоми се јавуваат во прстите,
дланките и зглобовите.
Секогаш употребувајте го уредот за
соодветна намена. Внимавајте да
употребувате соодветни предни и
задни дршки за држење на уредот
и, ако е потребно, ограничете го
времето на користење на уредот.
Одржување
Секогаш носете заштитни
ракавици при работа со или во
близина на оштар нож.
Редовно одржувајте го уредот за
да обезбедите долга и безбедна
употреба.
За да обезбедите безбедна работа
со уредот, сите завртки, навртки и
матици мора да се добро затегнати.
Прегледајте го уредот и заменете ги
оштетените и истрошените делови.
F 016 L81 371 | (20.10.16)
Редово прегледувајте ја
косачката и замеувајте ги
веднаш оштетените или
изабените делови.
Резервните делови мора да се
одобрени од Бош.
Уредот поправајте го само во Бош
овластен сервис.
Пред транспорт или складирање
уредот исчистете го од
валканштина и отпадоци. Ако е
потребно, исчистете го со мека
четка.
Отстранете ги сите остатоци помеѓу
главата на сечилото и заштитниот
капак. За компактно складирање,
уредот може да се расклопи кај
зглобот. (види слики 7)
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите
и нивното значење. Правилната интерпретација на
симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја
користите косачката.
Ознака
Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Вклучување
Исклучување
Додатна опрема/резервни делови
Отстранување
Употреба со соодветна намена
Овој уред може да се користи само со машината AMW 10.
Овој уред е наменет за шишање трева, лесна и тешка
вегетација, жбунови и грмушки во домашни и хоби
градини.
Bosch Power Tools