Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GCG 18V-600 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCG 18V-600 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
144 | Македонски
Подесување на волуменскиот проток
Можете постојано да го прилагодувате волуменскиот
проток на вклучениот пиштол за силикон, во зависност од
тоа до каде ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување  (13).
Со ограничувачот на волуменскиот проток (11) можете
однапред да го поставите максималното напојување на
назабената шина (7). Високи вредности значат високо
напојување, мали вредности помало напојување.
Максималниот волуменски проток исто така може
дополнително да се регулира за време на работата.
Количината на истиснат материјал дополнително зависи
од големината на отворот за истекување.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на пиштолот за силикон
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (13).
За исклучување на пиштолот за силикон, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13). Штом го
отпуштите прекинувачот за вклучување/исклучување,
назабената прачка малку се повлекува наназад, за да се
отстрани притисокот од заптивната смеса. Со тоа се
гарантира дека по отпуштањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување веќе нема да се испушта
заптивна смеса.
Со заклучувањето (14) може прекинувачот за
вклучување/исклучување (13) да се заклучи од
ненадејно вклучување.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При надминување на дозволивата температура се
исклучува пиштолот за силикон. Оставете го пиштолот за
силикон да се излади и повторно вклучете го.
Совети при работењето
Почитувајте ги напомените на производителот на
u
материјалите што треба да се нанесат! Одредени
материјали може да се користат само во одреден
температурен опсег или да се нанесуваат само на
специфична подлога.
Отворете и користете го патронот според
u
податоците од производителот.
Исечете го отворот за истекување дури кога
u
материјалот е сигурен во држачот за ќеси и
патрони.
Закачете го електричниот алат на куката за
u
закачување (9), на пр. кога работите на
спроводник. За тоа отворете ја куката за
закачување (9) колку што е потребно, за да можете
безбедно да го закачите пиштолот за силикон.
Регулирајте го волуменскиот проток на тој начин, што
материјалот што треба да се нанесе ќе биде нанесен
рамномерно со еден потег, без да мора да се израмни.
Внимавајте на тоа, површината на која треба да се нанесе
материјалот да биде чиста, без маснотии и сува.
1 609 92A 51G | (14.03.2019)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
По секоја употреба темелно исчистете ги капачето за
затворање, отворот за истекување, држачот за ќеси и
патрони, како и назабената шина со шајбната за
истиснување според спецификациите на производителот
на потрошниот материјал. Батеријата и рачката може да
се исчистат со влажна крпа.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се
во овластената сервисна служба за Bosch електрични
алати.
Пиштолот за силикон не мора да се одржува и не содржи
делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières