Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GIM 60 L Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GIM 60 L Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-1628-003.book Page 165 Wednesday, March 19, 2014 9:40 AM
 Потоа притискајте го копчето за калибрација 2 с „CAL" 4, додека не
се појави „CAL1" кратко на екранот. Потоа измерената вредност
трепка на екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска, така
што либелата и понатаму ќе покажува нагоре, екранот 11 се наоѓа
на страната свртена од Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа одново притиснете го копчето за калибрација „CAL" 4. На
екранот кратко ќе се појави „CAL2". Потоа се појавува измерената
вредност (не трепка повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е
одново калибриран за оваа површина на налегнување.
 Потоа мора да го калибрирате мерниот уред за спротивната
површина на налегнување. За тоа, свртете го мерниот уред околу
хоризонталната оска, така што либелата 13 ќе покажува надолу и
екранот 11 кон Вас. Поставете го мерниот уред на вертикална
површина. Почекајте 10 с.
 Потоа притискајте го копчето за калибрација 2 с „CAL" 4, додека не
се појави „CAL1" кратко на екранот. Потоа измерената вредност
трепка на екранот.
 Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска, така
што либелата и понатаму ќе покажува надолу, а екранот 11 се
наоѓа на страната свртена од Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа одново притиснете на копчето за калибрација „CAL" 4. На
екранот кратко ќе се прикаже „CAL2". Потоа се појавува
измерената вредност (не трепка повеќе) на екранот. Мерниот уред
сега е одново калибриран за вертикална површина на
налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската којашто е
прикажана на сликите при чекорите  и , калибрацијата не може да
се заврши („CAL2" не се појавува на екранот).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете
средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и
притоа внимавајте на влакненцата.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го
10-цифрениот број од спецификационата плочка на полначот.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во
заштитната ташна 24.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со
поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните
делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе
најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку
имате прашања за нашите производи и опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива 2012/19/EU мерните
уреди што се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools
Македонски | 165
1 609 92A 0KV | (19.3.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières