Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку крунестата бургија се стегне или заглави, ќе се
прекине погонот на вратилото за дупчење. Во ваков
случај веднаш исклучете го електричниот алат, за да
избегнете изабување и вжештување на истиот.
Олабавете ја крунестата бургија со вртење со соодветен
вилушкаст клуч налево или надесно. Внимателно
извлечете го електричниот алат од издупчената дупка.
Заштита од преоптоварување
Доколку се надмине прагот на преоптоварување,
електричниот алат почнува да пулсира. Намалете го
притисокот, додека електричниот алат не се врати во
нормала.
Доколку притисокот на дупчење не се намали,
електричниот алат се исклучува. Потоа веднаш можете да
го вклучите електричниот алат, но ќе треба да работите со
помал притисок на дупчење.
Отстранување на јадрото од дупчењето
По дупчењето оставете ја водата да тече, за да ја
исплакне нечистотијата помеѓу крунестата бургија и
јадрото од дупчењето.
Доколку јадрото е заглавено во бургијата, удрете ја
крунестата бургија со меко дрво или парче пластика и
исфрлете го јадрото. По потреба истиснете го јадрото со
едно стапче низ крајот за вметнување на крунестата
бургија.
Напомена: Не удирајте со тврди предмети по крунестата
бургија (опасност од деформација)!
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Одржувајте ги назабената летва (22) и водечките
површини на столбовите на дупчалката (21) секогаш
чисти.
По завршување на работата исчистете го вретеното за
дупчење (7). Повремено прскајте ги вретеното за
Bosch Power Tools
дупчење и крунестата бургија (6) со средство за заштита
од корозија.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Дополнително подесување на водечките валјаци
(види слика G)
Со текот на времето водечките валјаци може да се изабат
и настанува слободен простор помеѓу водечките валјаци
и столбовите на дупчалката. За да го отстраните овој
слободен простор, мора да ги подесите двата водечки
валјака на страната на сопирачката за фиксирање (16).
Олабавете ги двете навртки со шестаголна глава (36) со
клуч за втиснување (ширина на клучот 17 mm).
На крај подеднакво затегнете ги двете завртки со
внатрешна шестоаголна глав (37) додека не се
минимизира слободниот простор.
Повторно затегнете ги двете шестоаголни навртки со
шестаголна глава (36).
Транспорт
Можете фа го оставите сталакот за дупчење со вметнат
електричен алат. За тоа свртете го електричниот алат со
вртливиот крст (15) до крај колку што може во правец на
подната плоча, за да се спречи превртување на сталакот
за дупчење.
За безбеден транспорт извадете го електричниот алат од
сталакот за дупчење. Сталакот за дупчење може да се
транспортира на рамни површини и со вметнат
електричен алат.
Опрема/резервни делови
Дистанциона плоча 350 mm
(GDB 350 WE)
Адаптер на машината (GDB 2500 WE)
Прстен за собирање на вода
(GCR 350)
Заптивен поклопец за прстенот за
собирање на вода (GCR 350)
Сет за прицврстување:
– за бетон
– за ѕид
Сет типли за бетон
Вакуум сет
Заптивна гума за вакуум сетот
(GCR 350)
Брзозатегнувачки столбови
Сад за вода на притисок
Всисувач за мокро/суво всисување GAS 35MAFC
Всисувач за мокро/суво всисување GAS 55MAFC
Македонски | 205
2 608 550 628
2 608 550 622
2 608 550 620
2 609 390 391
2 608 002 000
2 607 000 745
2 608 002 001
2 608 550 623
2 608 550 626
2 608 598 111
2 609 390 308
1 609 92A 4NK | (03.04.2019)