неа може да излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку
има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги
надразни дишните патишта.
Доколку е дефектна батеријата,
од неа може да излезе течност и
да искапе на околните предмети.
Проверете ги соодветните
делови. Доколку е потребно,
исчистете ги или заменете ги.
Безбедносни напомени за распрскувачот
Почитувајте го упатството и безбедносните напомени
на средството што го користите во распрскувачот.
Препорачано е да носите заштитни ракавици и
наочари.
Пред употгреба прочитајте ги сите безбедносни
напомени на безбедносните листови, на кутијата и на
пакувањето на средство за заштита на растенијата.
Секогаш користете ја заштитната опрема препорачана
од производителот (ракавици, наочари и слично).
Пред употреба прочитајте ги сите упатства и
безбедносни напомени за распрскувачот и средството
за заштита на растенијата. Непочитувањето на овие
упатства може да резултира со сериозна штета /
повреда.
Чувајте го распрскувачот вон дофат на деца.
Прдржувајте се до локалните прописи за за
вентилација, заштита од пожар и работа.
При употреба на распрскувачот не јадете, не пијте и не
отварајте пламен.
По употреба распрскувачот внимателно прегледајте го.
Во распрскувачот не редете течности потопли од 40 °C,
алкали, самогрејни супстанци, корозивни (кисели) или
запалливи течности.
Не употребувајте течности чии ризици не ги знаете.
Не прскајте кон себе, кон други личности и кон
животни. Чувајте ги рацете подалеку од отворот на
распрскувачот. Ако млазницата е затната, веднаш
згаснете го уредот. Ако дојдете во контакт со
хемикалиите или случајно се прснете в око,
придржувајте се до упатството на средството и веднаш
побарајте помош од лекар.
Секогаш придржувајте се до упатствата на
декларацијата на пакувањето или до приложените
упатства на произведувачот на средството за заштита
на растенијата.
Прскајте само на добро проветрени места. Секогаш
прскајте во насоката на ветрот, спротивно од луѓе,
животни и полици со храна.
Bosch Power Tools
Секогаш прскајте во склад со упатствата на
производителот на заштитното средство, внимавајќи
да не дојде до прскање напразно.
Безбедносни напомени за полначи
Полначот држете го
подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во
полначот го зголемува
ризикот од електричен удар.
Не полнете други батерии.
Полачот е наменет само за Бош
литиум-јонски батерии со волтажа
опишана во техничките
карактеристики. Во спротивно,
постои ризик од пожар и од
експлозија.
Одржувајте ја чистотата на
полначот. Доколку се извалка,
постои опасност од електричен
удар.
Пред секое користење,
проверете го полначот, кабелот и
приклучокот. Не го користете
полначот, доколку приметите
оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на
поправка кај квалификуван
стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни
делови. Оштетениот полнач, кабел
и приклучок го зголемува ризикот
за електричен удар.
Не го користете полначот на
лесно запалива подлога (на пр.
хартија, текстил итн.) односно во
запалива околина. Постои
опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што
произлегува при полнењето.
Македонски | 193
F 016 L81 391 | (15.9.16)