192 | Македонски
дојде во допир со проводник на електрична енергија,
преку металните делови на машината може да
предизвика електричен удар кај ракувачот со
ножиците.
Безбедносни напомени за
тримерот за грмушки и трева
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Никогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени со
овие инструкции да ја користат
косачката. Локалните прописи
можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте ја косачката вон
дофат на деца кога не ја
употребувате.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Не користете ја машината кога во
непосредна близина има животни,
луѓе, а особено деца.
Држете го кабелот понастрана од
сечилата.
Секогаш носете заштитни наочари
и крути обувки кога работите со
уредот.
Не работете при лоши временски
услови, посебно кога постои ризик
од грмотевици.
F 016 L81 391 | (15.9.16)
Користете ја машината само по
дневна светлина или под добро
осветлување.
Проверете да се поставени и
прицврстени сите заштитни капаци
и штитници. Пред употреба
спроведете ги сите неопходни
проверки и поправки.
Веднаш згаснете го уредот ако
Вашите нозе или раце се преблиску
до сечилото.
Уредот исклучете го од напојување
(извадете го од утикачот или
сигурносниот уред):
– секогаш кога ја оставате
косачката без надзор,
– пред отстранување на блокада,
– пред прегледување, чистење и
поправка на машината,
– веднаш по удирање во тврд
предмет. Веднаш по оштетување
прегледајте ја машината и
извршете ги неопходните
поправки,
– ако косачката почне да вибрира
неконтролирано (проверете
веднаш).
Чувајте ги стапалата и рацете
подалеку од сечилото.
Заштитете го електричниот
апарат од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на
сончеви зраци, оган, вода и
влага. Постои опасност од
експлозија.
Не отворајте го уредот. Постои
опасност од експлозија поради
краток спој на батеријата.
Доколку се оштети батеријата
или не се користи правилно, од
Bosch Power Tools