OBJ_BUCH-1688-007.book Page 358 Friday, February 24, 2017 12:15 PM
358 | Македонски
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
Не користете листови за пила од високо легиран
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте во него. Овој мерен уред
создава ласерски зраци од класата на ласер 2 според
EN 60825-1. Притоа лицата може да се заслепат.
Не ги заменувајте вградениот ласер или
светлечката диода со исти такви од друг тип.
Доколку се користат ласери или светлечките диоди, кои
не се соодветни на овој електричен апарат, може да
настанат повреди на лицата. Поправката или замената
треба да се изврши од страна на овластена сервисна
служба, за да се избегне загрозување на безбедноста.
Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Безбедносни напомени за употреба како пила за
отсекување/сечење под агол
Проверете дали заштитната хауба може правилно
да функционира и дали може слободно да се движи.
Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена
состојба.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
1 609 92A 3S7 | (24.2.17)
Секогаш зацврстувајте го добро делот што се
обработува. Не обработувајте мали парчиња, кои се
премали за добро да се зацврстат. Растојанието од
вашата дланка до ротирачкиот лист за пилата така би
било премало.
Никогаш не го користете алатот без плоча за
вметнување. Променете ја дефектната плоча за
вметнување. Доколку плочата за вметнување не е
беспрекорна, може да се повредите на листот на
пилата.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Безбедносни напомени за употреба како столна
кружна пила
Проверете дали заштитната хауба може правилно
да функционира и дали може слободно да се движи.
Пред сечењето, таа мора да биде поставена на масата,
а за време на сечењето на делот што се обработува; таа
не смее да се фиксира додека е отворена.
Не посегајте никогаш зад листот за пила, за да го
држите делот што се обработува, за да ги отстраните
дрвените струготини или од други причини. Притоа,
растојанието од вашата дланка до ротирачкиот лист на
пила е премало.
Водете го делот што се обработува само кон
ротирачкиот лист на пилата. Инаку постои опасност од
повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во
делот што се обработува.
Секогаш сечете само еден дел. Доколку деловите
што се обработуваат ги поставите еден врз друг или
еден до друг, може да се блокира листот на пилата или
за време на сечењето да се поместат еден од друг.
Секогаш користете паралелен или аголен
граничник. Ова ја подобрува прецизноста при сечење
и ја намалува можноста да се заглави листот на пилата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
Ласерско зрачење
Не погледнувајте во зракот
Класа на ласер 2
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
Bosch Power Tools