OBJ_BUCH-2915-001.book Page 125 Friday, July 29, 2016 3:30 PM
како и лица со намалени физички, сензорни и
ментални способности или недоволно искуство и
знаење, доколку се под надзор од лица одговорни
за нивната безбедност или се подучени за безбедно
ракување со радиото и ги разбираат опасностите
кои може да произлезат од истото. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и повреди.
За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радио
апаратот за градилиште.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Батеријата користете ја само заедно со Вашиот
радио апарат за градилиште и/или електричен
апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радио апаратот
за градилиште.
Bosch Power Tools
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на радио апаратот за градилиште, и држете ја отворена
додека го читате упатството за употреба.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на радио апаратот за градилиште на графичката
страница.
1 Рачка за носење
2 Звучник
3 Копче за вклучување-исклучување
4 Копче за рачно подесување на бојата на звукот
„Equalizer"
5 Копче за намалување на гласноста/бас/висок тон
„Vol –"
6 Копче за зголемување на гласноста/бас/висок тон
„Vol +"
7 Стапчеста антена
8 Екран
9 Копчиња за зачувување на програмата
10 Копче за подесување на времето
11 Копче за пребарување наназад
12 Копче за пребарување нанапред
13 Копче за исклучување на звукот „Mute"
14 Копче за избор на аудио извор „Source"
15 Батерија*
16 Копче за отклучување на батеријата
17 Преграда за батеријата
18 Завртка за поклопецот од преградата за батерии
19 Поклопец на преградата за батеријата
20 Поклопец за преградата за складирање
21 Лост за заклучување на преградата за складирање
22 „AUX IN"-отвор
23 12-V-приклучен конектор
24 Мрежен напојувач
25 Приклучок за уредот
26 AUX-кабел
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Елементи на приказот
a Приказ на радио фреквенција
b Приказ за наполнетоста на батеријата
c Приказ на стерео прием
d Приказ за исклучување на звукот
e Мултифункционален приказ
f Приказ на аудио извор
Македонски | 125
1 609 92A 2NA | (29.7.16)