Milwaukee M18 BHG Notice Originale page 62

Masquer les pouces Voir aussi pour M18 BHG:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Внимание, жешки површини! Опасност од
изгореници!
Обезбедете соодветна вентилација.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината. Информирајте се кај Вашите
местни служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за рециклажа и
собирни станици.
СЕ-знак
UkrSEPRO знак на конформитет.
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
Македонски
59
Mak

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières