OBJ_BUCH-2468-005.book Page 176 Tuesday, September 13, 2016 1:52 PM
176 | Македонски
Одржувајте ја чистотата на површините на
поставување и контактните површини на мерниот
уред. Заштитете го мерниот уред од потреси и удари.
Честичките нечистотија или деформациите може да
доведат до погрешно мерење.
Поставување/прицврстување на мерниот уред
За да мерите и пренесувате косини, мерниот уред може да
го поставувате и легнувате не само на површини, туку
имате и други можности за негово поставување
одн.прицврстување.
Поставување со автоматика за нивелирање(напр. при
нерамни подови) (види слика B):
– Притиснете кратко на ногарката за стоење 12, за да ја
извлечете на надвор. Притиснете го копчето 3, за да ја
извлечете ногарката за нивелирање 10. Подесете ја
ногарката за нивелирање со вртење на шрафот за
подесување 4 во висина, така што ласерскиот зрак ќе
поминува по должина на површината којашто треба да
се измери одн. косината да ја прикаже како измерена
вредност d.
– За работење без механика на нивелирање, повторно
вовлечете ги ногарката за стоење 12 и ногарката за
нивелирање 10. За тоа, притиснете ги заедно двата дела
на ногарката за стоење () и турнете ја ногарката за
стоење 12 во мерниот уред (), додека не се вклопи. За
вовлекување на ногарката за нивелирање 10
притиснете го прекинувачот 5 на страна.
Прицврстување на статив:
– Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифат за статив 11
на брзо променливата плоча на стативот или на обичен
фото-статив. Цврсто зашрафете го мерниот уред со
шраф за фиксирање на брзо заменливата плоча.
Прицврстување со магнети:
– Поставете го мерниот уред со магнетите на доволно
магнетизиран дел.
Проверете дали мерниот уред е сигурно прицврстен.
Недоволно прицврстените мерни уреди може да
испаднат или да Ве повредат Вас или други луѓе. При
пад, мерниот уред може да се оштети или да предизвика
оштетувања.
Прицврстување со ремени за држење (види слика C):
– Извлечете ги ремените за држење 23 низ водилките на
ременот 24 и прицврстете го мерниот уред со двата
ремени на цевки или слично. Внимавајте на тоа, велкро
лепенката на крајот од ременот да биде притисната на
ременот за држење. При тенки цевки, ременот за
држење провлечете го низ водилките за ременот со
мазната страна нанадвор, и завиткајте го уште еднаш
околу мерниот уред како што е прикажано на сликата, кај
дебели цевки, провлечете го ременот за држење низ
водилките за ременот со мазната страна навнатре.
Секогаш обезбедувајте го мерниот уред со двата
ремени за држење и проверете ги истите дали се
стабилно прицврстени. Силата на држење на ременот
23 зависи од составот на материјалот на којшто се
прицврстува ременот. Лабаво прицврстените мерни
уреди може да паднат и да се оштетат или да
предизвикаат оштетувања.
Не им дозволувајте на децата да ги користат
ремените за држење 23 без надзор. Може да се
повредите со ремените за држење.
Вклучување/исклучување
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го вклучите одн. исклучите мерниот уред, притиснете
на копчето за вклучување-исклучување „ON/OFF" 18.
Доколку за 30 мин не се притисне некое копче на мерниот
уред или косината на мерниот уред не се промени за
повеќе од 1,5 ° , тогаш мерењето на косини и екранот
автоматски се исклучуваат заради одржување на
батеријата.
1 609 92A 27P | (13.9.16)
Bosch Power Tools