HB 560.0, HB 585.0, HB 685.0:
● Главата за нагрнување (1) се
држи, а безбедносниот клин (2)
се вади. Клинот (3) се извлекува
надолу.
● Се отстранува главата за
нагрнување (1).
HB 560.1, HB 585.1, HB 685.1:
● Безбедносниот клин (2) се
вади, главата за
нагрнување (1) се вади од горната
страна од адаптерот (4).
● Клинот со стега (5) се отстранува, а
адаптерот (4) од долната страна се
извлекува од адаптерот за
монтирање на мотокултиваторот.
По демонтажата:
● Клинот, односно адаптерот со
клиновите се зацврстува на главата
за нагрнување (заштита од губење).
● Се монтира блокажата за кочница и
се отвора подвозјето за транспорт
(погледнете во Упатството за
употреба на мотокултиваторот).
● Мотокултиваторот безбедно се
поставува на подвозјето за
транспорт.
7. Елементи за нагодување
AHK 701, AHK 702
7.1 Нагодување на нишањето
Со навртување и одвртување на
двата шрафа (1) се нагодува
страничното поместување на главата
за нагрнување.
Намалување на степенот на
поместување:
108
● Контранавртките (2) се
разлабавуваат, а шрафовите (1) се
7
навртуваат во насока на движење на
стрелките на часовникот. На крај
повторно цврсто се затегнуваат
контранавртките.
Зголемување на степенот на
поместување:
● Контранавртките (2) се
8
разлабавуваат, а шрафовите (1) се
одвртуваат во спротивна насока од
насоката на движење на стрелките
на часовникот. На крај повторно
цврсто се затегнуваат
контранавртките.
Препорачано нагодување:
Помеѓу шрафовите (1) и адаптерот (3)
на мотокултиваторот, односно
адаптерот за монтирање (4) се одржува
растојание (A) од околу 3 mm.
8. Елементи за нагодување
AHK 701
8.1 Поставување на работниот
агол
Со навртување и одвртување на
шрафот за нагодување (1) се поставува
работниот агол (B) на главата за
нагрнување.
Намалување на работниот агол (B):
● Двете контранавртки (2) се
отпуштаат. Се разлабавува шрафот
за затегнување (3). Штел-шрафот (1)
9
се одвртува во спротивна насока од
насоката на движење на стрелките
на часовникот. На крајот шрафот за
затегнување (3) се навртува со
раката, сè додека главата за
нагрнување не се зацврсти, а двете
контранавртки (2) повторно цврсто
се затегнуваат.
Зголемување на работниот агол (B):
● Двете контранавртки (2) се
отпуштаат. Шрафот за
затегнување (3) се разлабавува, а
штел-шрафот (1) се навртува во
насока на движење на стрелките на
часовникот. На крајот шрафот за
затегнување (3) се навртува со
раката, сè додека главата за
нагрнување не се зацврсти, а двете
контранавртки (2) повторно цврсто
се затегнуваат.
8.2 Поставување на работната
ширина
Страничните крила (1) на главата
за нагрнување можат да се нагодуваат,
така што се менува работната
ширина (C) на главата за нагрнување.
Нагодување на работната
ширина (C):
10
● Граничниците (2) се подигнуваат и се
прикачуваат во еден од отворите на
крилните делови (1).
9. Елементи за нагодување
AHK 702
9.1 Поставување на работната
длабочина
Главата за нагрнување по
потреба може да се монтира повисоко
или подлабоко на мотокултиваторот.
11
12
0478 906 9905 A - MK